fbpx

Тензично на судењето за случајот „Ореше“, полицијата спречила инцидент

-

Судската полиција спречила инцидент во судница во Основниот суд во Велес, каде денеска почна новото, четврто по ред, судење за случајот „Убиство во Ореше“, пишува интернет-порталот „Нова ТВ“.

За време на рочиштето, сведокот Вељо Арсовски, роднина на убиениот Лазар Милошевски, но и на обвинетиот Ѓоре Петровски, изјавил дека Петровски му понудил стан и пари за да ја смени изјавата.

Според „Нова ТВ“, по изјавата на сведокот следувала жестока реакција од Петровски, кој вербално се нафрлил врз него и почнувал да го навредува и пцуе. Арсовски возвратил, по што двајцата тргнале еден кон друг со намера физички да се пресметаат, но биле спречени од судската полиција.

По ова Арсовски бил остранет од судницата, а судењето било за момент прекинато за да се смири обвинетиот Петровски, кој се заканил дека повеќе нема да доаѓа на рочиштата, бидејќи судот толерирал сведоци како Вељо Арсовски.

Адвокатите на обвинетите барале да се казни сведокот Арсовски бидејќи одбивал да одговори на прашањата за тоа кој му ја дал опремата за тајно снимање со која влегол во истражниот затвор и тајно го снимил сведокот Златко Арсовски – Бреза, кој, наводно, му признал дека убиството го извршиле браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски, објавува „Нова ТВ“.

На денешното судење не се појавил Златко Арсовски, поранешниот заштитен сведок, со псевдоним Бреза, кому му е определен притвор во предметот каде што е обвинет за давање лажен исказ.

Заради случувањата во судницата, пред Основниот суд во Велес имало зголемено полициско присуство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...