Инцидент на судењето на Златна зора

-

Инцидент се случи на денешното судење на членовите на Златна зора во затворот „Коридалос“ во Атина. На судењето упаднаа членови на терористичката организација Огнени јадра, чие судење беше паралелно закажано во соседната судница во затворот и почнаа вербално да ги напаѓаат членовите на Златна зора. Покрај вербалните навреди и довикувањата дека фашистите ќе ги стигне бесилка, во истиот момент припадниците на Огнени јадра почнаа да фрлаат и со шишиња и со различни предмети во судницата по членовите на Златна зора. Дел од предметите завршија кон делот каде се наоѓаа новинарите и фоторепортерите.

По полициска интервенција беа отстранети припадниците на Огнени јадра од судницата, но инцидентот создаде атмосфера на страв, вознемиреност и на паника во судницата. Голем број од присутните се почувствуваа небезбедно и несигурно, бидејќи при толку големо полициско обезбедување беше дозволен упад на судењето. Адвокатите што ги бранат обвинетите членови на Златна зора реагираа дека судењето не може да се одвива во вакви услови, а судот беше повикан да преземе одговорност за инцидентот, додека, пак, присутните извикуваа „срамота, убијци, сите ќе нè убијат“.

Непријатниот инцидент само повеќе ги засили барањата на присутните да се одреди нова, поголема и побезбедна судница каде ќе се одвива процесот против Златна зора.

За време на судењето, полицијата добила известување и за можна бомба во затворот. Анонимни јавувачи пријавиле дека ќе биде активирана бомба во затворот, во весникот „Весник на новинарите“ и информативниот портал  „зоугла.гр“ (zougla.gr), но и покрај тоа полицијата не ги евакуираше присутните на судењето.

По инцидентот процесот беше прекинат и ќе се продолжи на 4 јуни. Судскиот процес против Златна зора, кој има цел да открие дали неонацистичката партија навистина е криминална и паравоена организација, сè уште е во почетните фази и досега четирипати се прекинува и се одложува без некаков суштински напредок. Лидерите на партијата не се појавуваат воопшто на судењата, чекор кој се оценува како нивни обид за потценување на судот.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...