fbpx

Пронајден американскиот хеликоптер во Непал

-

Воените спасувачи на местото каде се урна американскиот хеликоптер, пронашле три тела, соопшти непалскиот министер за одбрана Исвор Поуџал.

Претставникот на непалската Армија посочи дека во хеликоптерот имало осум лица, но засега не е познато дали некој од останатите лица преживеале.

Маринците ги забележале остатоците од хеликоптерот во близина на село, на надморска височина од 3.400 метри на стрмната падина, а непалски војници се упатиле на тоа место.

Хеликоптерот исчезна во регионот Долак, во источниот дел на Непал, додека пренесувал хуманитарна помош за луѓето што биле погодени од првиот земјотрес, кој се случи пред 17 дена.

Непал ангажира 600 војници за да трагаат по хеликоптерот, во кој имало шест американски маринци и двајца непалски војници, од кои двајца биле членови на екипажот, кои преку радио јавиле дека имаат проблем со горивото.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...