Одложено судењето за убиството на Ангел Петковски

Судењето за убиството на 18-годишниот Ангел Петковски денеска беше одложено во Кривичниот суд бидејќи адвокатот на обвинетиот за убиствоto, Ангел Ѓорѓиев, во истиот временски термин имал друг предмет од организиран криминал.

Во судница денеска не беше спроведен ниту обвинетиот Насер Е., но присутни беа родителите на убиениот матурант.

На обвинетиот му се заканува казна затвор од најмалку пет години, за убиство со умисла, а дополнително ќе се гони и за тешка кражба.

Трагичниот настан се случи на 19 мај годинава, во скопсктата населба Ѓорче Петров.

Наредното судско рочиште е закажано за 21 јануари.