fbpx
Таг: студентски пленум

таг: студентски пленум

Студентите со свирчиња ќе ги чекаат пратениците пред Собранието

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ утре, во 11 часот, пред Собрание организира настан наречен „Пратениците го трчаат почесниот круг – реформски маратон“. Во 12 часот, во Собранието ќе се одржи седница на која на дневен ред за гласање ќе бидат измените на законите во образованието. „Пред пратениците во Собранието ќе се најдат измените за Законот во високото образование в среда....

„Професорски пленум“ со писмо бара средба со претседателот Иванов

Претставници на „Професорски пленум“ денеска испратија писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во кое се бара средба на која претставници на професорскиот и на студентскиот пленум би му ги образложиле своите ставови за предложените измени на Законот за високо образование, кој наскоро ќе се најде во Собранието. Интегрално ви го пренесуваме писмото: „Почитуван Претседателе Иванов, Во пресрет на собраниската седница...

„Професорски пленум“ бара ЕУ да интервенира кај Владата

„Професорски пленум“ испрати писмо до eврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, eврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, и до шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав, во кое ги повикуваат да се изјаснат и да упатат повик до Владата да ги повлече предложените закони за високо образование и да почне нова,...

„Студентски пленум“ бара да се повлече законот, па потоа да дебатираат

Барањето на „Студентски пленум“ е да се повлече законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите, па дури тогаш може да се води дебата. Ова, преку својата фејсбук-страница, студентите му го порачаа на премиерот Никола Груевски. Во соопштението на „Студентски пленум“, пишува дека нема да ги изложуваат своите ставови во дебати кои не можат да влијаат на...

„Професорски пленум“ бара да се повлечат измените на Законот за високо образование

Иницијативата „Професорски пленум“ денеска објави соопштение во кое се вели дека имаат само една сугестија до Владата за измените на Законот за високо образование (државниот испит), а тоа е тие веднаш да бидат повлечени. „Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви соопштува дека има една сугестија за предлог-измените на Законот за високото образование: Повлечете ги веднаш“,...

„Професорски пленум“ објави десет најлоши чекори на Владата за образованието

„Професорски пленум“ денеска на својата фејсбук-страница објави табела насловена „Десет најлоши чекори на Владата на Груевски кои го урнисаа квалитетот на високото образование во Македонија“.

Законот за високо образование на второ читање на 8 јануари

На осми јануари, само еден ден по Божик, членовите на Собраниската комисија за образование, наука и спорт ќе расправаат за измените на Законот за високо образование во второ читање. На истата комисија закажани се и расправите за законите за основно и за средно образование во второ читање. Пратениците вчера во 19 часот ги усвоија заклучоците од измените на Законот за високо...

Законот за високо образование оди на второ читање

Пратениците со 71 глас „за“ и осум гласови „против“, вечерва во Собранието го изгласаа и го пратија на второ читање Законот за високо образование. Павле Трајанов во расправата побара поширока јавна дебата пред да се воведе државниот испит. На ова министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, одговори дека се разговарало речиси три месеци и дека тоа било доволно време за...

Студентите и професорите побараа Владата да отстапи

Неколку илјади студенти, професори и средношколци се собраа пред Владата на Република Македонија и побараа повлекување на законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите. Извикувајќи „Доста се криете“, „Екстерно за владата“, „Автономија“, „Нема правда, нема мир “ на македонски и на албански јазик, тие го искажаа незадоволството од усвојување на законот без поширока јавна дебата...

Студентите на протест во 14 часот пред Влада

„Ние сакаме корисни реформи поткрепени со аргументи, анализи и поддржани од јавна дебата. Ќе нè гледате и ќе нè слушате додека не ги добиеме. Но, ние не сме насилници. Студентите овојпат ја имаат вистината и тоа е она што нè прави автентични. Токму затоа ве повикуваме сите студенти и наши поддржувачи да го зачуваме редот и мирот на денешниот протест....

„Студентски пленум“: Да не дозволиме да продолжи монологот на Владата

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат протестот, кој во 14 часот ќе почне пред Владата на Република Македонија, да биде мирен, без инциденти и без партиски и национални обележја. Револтирани, бидејќи законот беше усвоен на владината сединица без да бидат повикани на јавна дебата, ги повикуваат сите граѓани да ги поддржат и да им се придружат на масовен...

Груевски: Тие што учат нема да имаат проблем со државниот испит

Кога Абдилаќим Адеми и Спиро Ристоски биле во Битола, Тетово, Штип и на Штуловиот универзитет, направиле неколку јавни расправи, добиле добри информации што ги вградиле во законот за високо образование, рече премиерот Никола Груевски во неговото гостување во вестите на „Канал 5“. Тој додаде дека на последната владина седница било договорено 20 отсто од испитите да не мора да имаат 60...

Студентите револтирани, најавуваат нов марш „наскоро“

Протестите продолжуваат, студентите нема да се откажат, ниту по отворената седница на Владата на која едногласно се донесе одлуката да се воведе државниот испит, односно предлог-законските измени за образованието. Од „Студентски пленум“ велат дека нема да отстапат од нивните барања да не се воведе државниот испит и дека најверојатно повторно ќе излезат на протест. - Револтирани сме од скандалозната одлука...

„Студентски пленум“: Министрe, го слушнавте ли гласот на 10.000 студенти?

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ си заминаа по два часа чекање пред Министерството за образование, каде зад затворени врати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и заменик-министерот, Спиро Ристовски, имаа работна средба со деканите на педагошките факултети. Средбата беше префрлена во последен момент, па наместо најавената јавна дебата по повод предложените предлог-закони која беше првично закажана на Педагошкиот...

Универзитетите уште калкулираат за државниот испит

Факултетите ги користат последните неколку дена од изминувањето на рокот за да ги услогласат ставовите околу државниот испит. Голем дел од универзитетите веќе се изјаснија. Од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ велат дека за нив не е прифатлив државниот испит. - Државата има право да спроведе државен испит и тука никој не може да се меша. Но, тоа да биде само откако...

Адеми и Ристовски да поднесат оставки или Малчески ќе ги тужи

Ристо Малчески, професор на ФОН, бара министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик, Спиро Ристовски, да си поднесат оставки од функциите. Реакцијата на професорот е поттикната од дописот што Mинистерството за образование го испратило до ФОН со барање да се произнесат за државниот испит. Професорот вели дека оваа власт му направила големи штети на образовниот систем. Во писмото во...

Владата да посочи релевантни анализи врз кои прави промени во високото образование

„Владата сè уште не посочува релеванти анализи на проблемите во високото образование, нешто што сметаме дека е суштински важно за воведување ваква проблематична мерка. Владата и Министерството не покажаа напор да дискутираат со студентите. Министерот за образование неформално ја одби средбата со студентите, иако во неколкупати претходно имаше посочено дека е отворен за разговор“, напишаа студентите во нивиот допис...

Правниот факултет го отфрли предложениот концепт за државен испит

Деканската управа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вели дека идејата за воведување систем на дополнителна проверка на знаењата стекнати на високообразовните институции во Македонија е за поздравување, но понудениот модел е несоодветен да се вклопи во пошироките концепти на организирање на високото образование и на општествено уредување Македонија и дека има сериозни недостатоци. Во дописот стои и дека предложеното...

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој забележи говор на омраза, истакнување симболи или поттикнување насилство, да му се даде групен аплауз,...

Адеми му пиша на ректорот: Еве, вака ќе изгледа државниот испит

„Мета“ дојде до документ испратен од Министерството за образование и наука, потпишан од министерот Абдилаќим Адеми, до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, на 5 декември, во кој е објаснет моделот на државниот испит за студентите и начинот на кој ќе се спроведува. Во документот се вели дека испитот ќе биде составен од пет прашања од секој...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...