fbpx

„Професорски пленум“ со писмо бара средба со претседателот Иванов

-

Претставници на „Професорски пленум“ денеска испратија писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во кое се бара средба на која претставници на професорскиот и на студентскиот пленум би му ги образложиле своите ставови за предложените измени на Законот за високо образование, кој наскоро ќе се најде во Собранието.

Интегрално ви го пренесуваме писмото:

„Почитуван Претседателе Иванов,

Во пресрет на собраниската седница на која се очекува конечно изгласување на пакетот предложени закони од областа на образованието, Ви се обраќаме како на Претседател на Републиката, но и како на наш колега и професор, со барање да примите претставници на двата пленума и да ги сослушате нашите аргументи за тоа дека со предложените закони флагрантно се крши Уставот, човековите права, како и европските и меѓународните документи што ја нагласуваат универзитетската автономија и принципите на обезбедување квалитет во високото образование.

Во Вашето обраќање до Собранието на Република Македонија и во изјавите за медиумите, Вие и самиот јасно дадовте до знаење дека треба да се слушнат мислењата на сите засегнати страни, вклучително и на студентите. Но, за жал, во целата досегашна постапка на изработка и на донесување на законите, најголем дел од професорската и од студентската заедница беа исклучени, и покрај постојаните повици и обраќања до надлежните институции да ги сослушаат нивните ставови и барања. Една т.н. „средба за размена на мислења“, организирана најпрво во хотел, а потоа набрзина преселена во Собранието, не може да биде замена за јавна дебата на која се изнесуваат различни и спротивставени аргументи на сите засегнати страни.

Ние, членовите на „Студентски пленум“ и на „Професорски пленум“, бараме прво да се подготви темелна анализа на состојбите во високото образование и потоа да се организираат дебати по универзитетите, каде ќе се вклучи целата академска заедница. Вистинска реформа на високото образование е можна само преку широка и транспарентна постапка за изработка на нови закони. Ова барање го поткрепуваме со фактот што најголем дел од нашите декански и ректорски управи формално ги отфрлија предлог-измените и бараа повлекување на законите, што беше целосно игнорирано од надлежните институции.

Во очекување на Вашиот одговор, со почит

Во име на „Професорски пленум“:
проф. д-р Гордана Силјановска Давкова
проф. д-р Абдулменаф Беџети“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...