Таг: студентски пленум
таг: студентски пленум
„Студентски пленум“: Дојдете на маршот без партиски и национални симболи
Утре, во 12 часот, пред платото на УКИМ ќе почне вториот студентски марш против предлогот на Владата да се воведе државен испит на факултетите. Студентите ќе маршираат од платото на УКИМ покрај Собранието и ќе го завршат маршот пред Владата на Република Македонија.
Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат на мирен марш, без насилство и без истакнување на партиски...
„Студентски пленум“: Нашите барања ја надминуваат партијата
Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ истакнуваат дека зад студентските протести не стои ниту една политичка партија и дека нема да дозволат да бидат прибрани под ниту едно „партиско милје“.
„Би сакале уште еднаш да подвлечеме дека нема да дозволиме да бидеме прибрани под ниту едно партиско милје. Нашите барања ја надминуваат партијата, тие се нешто повеќе. Како значаен општествен сегмент, како...
„Студентски пленум“ доби поддршка од студенти од САД и од Србија
Асоцијацијата на студенти од Балканот на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во САД ги подржаа ставовите на „Студентски пленум“ против најавените реформи во високото образование.
Студентите од Србија, преку социјалните мрежи, почнаа да се организираат за поддршка на своите колеги во Македонија, против најавениот државен испит. Тие имаат намера в среда да излезат на протести пред македонската амбасада во Белград, во исто...
Втор студентски марш в среда, на Денот на човековите права
Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ одлучи в среда, на 10 декември, да го одржи вториот студентски марш против одлуката на Владата да воведе државен испит на факултетите. Збирно место на студентите ќе биде платото на УКИМ во 12 часот.
„Она што сите го очекуваа од последниот студентски пленум па сè досега е официјален датум и место за вториот студентски марш. Датумот...
Нов студентски марш следната недела
Следната недела ќе се одржи втор протестен марш против воедувањето државен испит на факултетите, информираат од неформалната студентска организација „Студентски пленум“.
„Драги пленумци, денеска беше одржан петтиот студентски пленум, на кој беше изгласано следната недела да се одржи втор студентски марш.
Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи...
„Студентски пленум“ заседава на отворено
Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ в понеделник ќе одржи средба пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
„Пленумци, дојде време за петтата студентска средба, прва по протестниот марш. Понесете си топла зимска облека и стоплени пијалаци и в понеделник, во 18 часот, бујрум на платото на УКИМ. Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот. Споделете го овој...
Казни за студентите што ќе го повторуваат државниот испит
Ако по седми пат не го положат државниот испит, студентите ќе треба да плаќаат казна од 12.000 денари, јави „24 Вести“.
Првите три полагања на државниот испит ќе бидат бесплатни, четвртиот пат ќе се наплаќа 100 денари, петиот пат 1.000 денари, шестиот обид ќе чини 3.000 денари, а последниот - седми - обид 12.000 денари - сума која ќе остане фиксна...
Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата
„Екстерното тестирање, за жал, не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација“, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.
Според Лутовски, воопшто не значи дека доколку се заврши целиот проблем со екстерното...