fbpx

Нов студентски марш следната недела

-

Следната недела ќе се одржи втор протестен марш против воедувањето државен испит на факултетите, информираат од неформалната студентска организација „Студентски пленум“.

„Драги пленумци, денеска беше одржан петтиот студентски пленум, на кој беше изгласано следната недела да се одржи втор студентски марш.
Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи коишто би ги засегнале студентите, идни и сегашни. За одбрана на нашето право на квалитетно образование, за достоинството, за солидарноста, за обединетоста!“ се  вели во соопштението од „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АСУЦ „Боро Петрушевски“ домаќин на меѓународен симпозиум на средни стручни училишта

Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ е домаќин на меѓународен симпозиум за средни стручни училишта за логистика и сообраќај, што се одржува 13-та година по ред. Размена на...