fbpx

„Студентски пленум“ заседава на отворено

-

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ в понеделник ќе одржи средба пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

„Пленумци, дојде време за петтата студентска средба, прва по протестниот марш. Понесете си топла зимска облека и стоплени пијалаци и в понеделник, во 18 часот, бујрум на платото на УКИМ. Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот. Споделете го овој постер на социјалните мрежи и доколку сте во можност, испечатете неколку копии и залепете ги на вашиот факултет“, се вели во соопштението на официјалната страница на „Студентски пленум“.

В понеделник, во 18 часот, најавена е и средба на студентите во Прилеп.
„Ова ќе биде првиот студентски пленум во Прилеп. Добредојдени се сите студенти, но и средношколци што сакаат да се вклучат во дискусијата за актуелните студентски проблеми и за реформата „државен испит” која се планира“, се вели во најавата.

Пред некој ден се одржа студентски пленум на студентите од битолскиот Универзитет „Свети Климент Охридски“, на просторот покрај Техничкиот факултет. Во Битола студентите ги одржуваат пленумите на отворен простор, бидејќи за нив нема слободна просторија на факултетите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...