fbpx
Таг: студентски пленум

таг: студентски пленум

Ректоратот ослободен, вработените на своите работни места

Врабoтените во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска се на своите работни места затоа што судентите од „Студентски пленум“ ја прекинаа блокадата пред влезот. Дел од вработените велат дека утринава немало никаква блокада и непречено дошле на своите работни места. За денеска во 11.30 часот, преставниците на „Студентски пленум“ и на „Мугра“ имаат закажано прес-конференција пред Ректоратот за нивните...

Студенти на ФИНКИ и на ФФК засадија дрва на УКИМ

Студенти од Факултетот за физичка култура и на ФИНКИ заедно со нивните декани, Вујица Живковиќ и Иван Чорбев, во дворот на кампусот на Универзитот „Свети Кирил и Методиј“ засадија дрвја откако претходно преставници од „Студентски пленум“ го блокираа влезот на ректоратот. - Јас сум декан неколку месеци и не знам детали, но можам да ви кажам дека целата процедура за...

Студентите го блокираат Ректоратот, вработените чекаат во бифето

„Студентски пленум“ и Младинската организација „Мугра“ од утрово го блокираат Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во знак на револт за исечените дрвја во кампусот на факултетите. „Во знак на револт, студентите на Универзитетот „Кирил и Методиј“ објавуваат прекинување на работата на Ректоратот“, најавија утрово од „Студентски пленум“. Протестот почна уште во саботата, неколку часа откако екипи на...

Од „Студентски пленум“ бараат став од ректорот на УКИМ за изградба на факултетите

Студентите од „Студентски пленум“ побараа став од ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за изградбата на двата нови факултети во кампусот на УКИМ, за кои е предвидено да бидат во барокен стил. Тие објавија фотографија на нивниот фејсбук-профил, со која го повикуваат ректорот да каже свој став по ова прашање. Студентите вчера одржаа трибина по повод сечата на дрвјата...

„Студентски пленум“: Бесплатниот превоз е злоупотреба за предизборни цели

Бесплатниот студентски превоз, кој пред неколку дена го најави премиерот Никола Груевски, е добредојдена мерка, но според моментот на најавување, сметаме дека е злоупотреба за предизборни цели, велат од „Студентски пленум“. - Мораме да кажеме дека оваа мерка е добредојдена, во место како Македонија каде што има 50 отсто младинска невработеност. Тоа е своевидно олеснување на животот на студентите. Меѓутоа, мораме...

„Студентски пленум“ ќе организира тридневен фестивал

„Студентски пленум“ организира „Ад хок фестивал“, кој ќе почне од 10 декември напладне и ќе се одржува три дена на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. На фестивалот ќе настапуваат „Новиот почеток“, „Ди Џон“, „Пи-Ем-Џи колектив“, „Бандикс“, „Руверс ханговер“ ,„Визија“, „Бета хаус“, „Фанк шуи“, „Бона Деа“, „Зад аголот“ и повеќе диџеи. За време на концертите, во аулите на четирите факултети...

Адеми: Нема амбиент да се расправа за новиот закон за образование

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, вели дека сè уште нема амбиент да се расправа во Собранието за новиот закон за образование, затоа што политичките партии, имајќи ја предвид актуелната ситуација во земјава, имаат други приоритети. - Ние пред неколку месеци почнавме со консултации и формиравме заеднички групи со УКИМ, со студентскиот и со професорскиот пленум, меѓутоа по неколку...

„Студентски пленум“: Решението не е во патувања, туку во реновирање на домовите

„Студентски пленум“ изразува незадоволство од методот и од начинот на кој Владата се обидува да ги поткупи студентите за да заборават на проблемите и на условите во студентските домови, пишува на фејсбук-страницата на пленумот. Тие реагираат на вчерашната изјава на премиерот Николa Груевски, кој вети патувања на атрактивни дестинации за студентите што ќе покажат успех поголем од 9,50. - Премиерот Никола Груевски треба да знае дека...

„Студентски пленум“ излегува од работните групи со МОН

Апсењето на студeнтите и упадот на полицијата во библиотеката „Браќа Миладиновци“ е причинта поради која студените ќе излезат од работните групи што ги формираа со Министерството за образование и наука, а во кои требаше да го подготват новиот закон за високо образование. - Поради крахирањето на политичките процеси и на демократските вредности, се зголемуваат нашите сомнежи во капацитетот на оваа влада...

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за високо образование

Пратениците, кои пред неполн месец во Собранието дискутираа дека Законот за високо образование е добар и дека ваков закон недостигал за да се доведе во ред високото образование, денеска кренаа рака и гласаа да се одложи примената на некои одредби од Законот, со образложение дека недостигала дебата. - Сакам да ја изразам поддршката за одложувањето на Законот. Владата имаше слух...

Студентите в среда ќе го прогласат универзитетот за автономна зона

Одложувањето на примената на членовите од законот беше само прв чекор кон она што го бараме, нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование, пишува на настанот кој го креираше „Студентски пленум“ на социјалната мрежа „Фејсбук“. - Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До...

Владата попушти, се одложува државниот испит, студентите се мислат

За една година ќе се одложи државниот испит за студентите, а за две години се одложуваат и останатите законски измени и дополнувања на Законот за виското образование. Ова за „Мета“ го потврдуваат од „Студентски пленум“ по средбата со премиерот Никола Груевски. - Премиерот Никола Груевски на денешната средба ги прифати нашите барања за мораториум на измените на Законот за високо образование....

„Студентски пленум“: Можна е окупација, дијалог или и двете истовремено

Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот генерален пленум, кој се одржа на Архитектонскиот факултет, расправаа за следните свои чекори во врска со измените на Законот за високо образование. На дневен ред имаше три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се „окупираат“ универзитетите...

„Студентски пленум“: Ќе тргнеме на предавања, па ќе одлучуваме за бојкот

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ велат дека сè уште се во координација и немаат одлучено која е наредната мерка што ќе ја преземат откако Собранието ги усвои, а претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша измените на Законот за високо образование. - Деновиве имаме интерни пленуми на факултетите, а во текот на наредната недела ќе одржиме заеднички голем пленум. Засега немаме...

„Студентски пленум“ ја продолжува битката против законите за образование

„Ниту државнички, ниту професорски“ потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование, напиша „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница, откако претседателот Иванов стави потпиис на законите за високо образование. На социјалната мрежа пленумците ги прашуваат студентите дали се подготвени да покажат револт. - Студенти, спремни ли сме да го покажеме револтот повторно, но и поинаку - прашаа преку „Фејсбук“...

Фејсбук-реакции за донесувањето на Законот за високо образование

Социјалните мрежи се преполни со реакции по усвојувањето на Законот за високото образование. Може да се прочитаат постови за пратениците, за студентите, за претседателот Ѓорге Иванов, но и повици до студентите „да не се откажуваат од борбата“. Професорите и студентите денеска, откако пратениците го изгласаа  законското решение, пред Собранието организираа погреб на високото образование. Еве некои од првичните реакции: „Ружен ви е законот“ „Mилион народ на...

Професорите и студентите „го погребаа“ високото образование

Околу 150 професори, студенти и граѓани кои ги поддржуваат, со свеќи в раце, се собраа вечерва пред Собранието за да го „погребат“ високото образование. Погребот на високото образование почна половина час откако пратениците во Собранието ги усвоија измените во Законот за високо образование. Пленумци велат дека одлуката погребот на високото образование да го одржат пред Собранието има симболика затоа што...

Собранието го усвои Законот за високо образование

По неколкучасовна расправа, пратениците во Собранието  со 67 гласа „за“ и со девет „против“, ги усвоија промените во Законот за високо образование, со кои се предвидува воведување државен испит и се менуваат критериумите за избор во звања. Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, рече дека Владата го прифаќа амандманот со кој се предвидува спроведување на пилот-државен испит. Пратеникот Павле Трајанов од Демекратски...

Пратениците расправаа за Законот за високо образование

Пратениците во Собрание расправаа за измените на Законот за високо образование. На самиот почеток на расправата, министерот Абдилаќим Адеми кажа дека ќе има пилот-проект за државниот испит. Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, рече дека без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги донесе овие закони. Фазлиу ги праша колегите од ДУИ зашто го поддржуваат овој пакет мерки кога во нив нема ниту...

Почна расправата за измените на законите за образование

Со 64 гласа „за“, двајца воздржани и шест „против“, пратениците во Собранието го изгласаа законот со кој се предвидува воведување академија за наставници. Пратеничката Солза Грчева кажа дека е скептична околу тоа како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби академијата на наставници. - Академија за наставници е познат концепт. Многу европски земји имаат. Никој нема ништо против дополнителни...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...