„Професорски пленум“ бара ЕУ да интервенира кај Владата

-

„Професорски пленум“ испрати писмо до eврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, eврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, и до шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав, во кое ги повикуваат да се изјаснат и да упатат повик до Владата да ги повлече предложените закони за високо образование и да почне нова, широка и транспарентна дебата со учество на сите субјекти вклучени во образовниот процес.

„Ние, повеќе од петстотини професори од различни универзитети во Република Македонија, организирани како Професорски пленум, ви се обраќаме за да Ви укажеме на апсурдноста на процесите за т.н. реформа на високото образование во Македонија и да Ве повикаме да ни дадете поддршка во спречувањето на авторитарните обиди на власта да ја загрози автономијата на универзитетите и да го стави под своја контрола и овој сегмент од општеството“, стои во писмото.

Во писмото се вели дека пакетот закони, кои се веќе во фаза на усвојување во Собранието, се подготвени на целосно нетранспарентен начин, со кршење на законската процедура, барање за изјаснување во бесмислено куси рокови, без јавна дебата и без учество на академската и на стручната заедница, студентите и на другите субјекти вклучени во образовниот процес.
„На најконтроверзните мерки во Законот за високото образование со масовни протести им се спротивставија и повеќе од десет илјади студенти од речиси сите универзитети и факултети, организирани во автохтон „Студентски пленум“. На овие протести јасно им беше порачано на властите дека не може да се прави реформа за квалитет во високото образование без учество на студентите како партнери во процесот на креирање на знаењето“, се вели во писмото.

„Професорски пленум“ потсетува дека Република Македонија, со европското партнерство, презеде обврски во поглед на натамошното спроведување на Болоњскиот процес и унапредувањето на квалитетот на високото образование.
„Сакаме да нагласиме дека ова што се предлага со пакетот закони е отстапување од преземените обврски, отстапување од главните принципи на Болоњската декларација и од Стратегијата на ЕУ за модернизација на високото образование. Нагласуваме дека властите дури и јавно се изјаснија дека предложените реформи значат напуштање на Болоњскиот процес. Ако ова се случи, тогаш ќе се направи и првиот чекор кон формално напуштање на европскиот академски простор, но и на самата идеја за eвроинтеграциите“, стои во писмото.
На писмото, во име на „Професорски пленум“, се потпишани професорите Гордана Силјановска-Давкова, Абдулменаф Беџети и Никос Чаусидис.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...