Таг: студенти

таг: студенти

МВР го испитува протекувањето на лични податоци на 4.739 студенти

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на Министерството за внатрешни работи (МВР) не стигнала пријава и поради тоа сè уште не се води никаква постапка во врска со протекувањето на околу 5.000 лични податоци на студенти од неколку државни и приватни факултети во земјава. Сепак, од Секторот за „Мета“ велат дека тие по службена должност го испитуваат...

Здружението на турски студенти апелира да се верува само на официјални институции

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија реагираше на недоразбирањата поврзани со објавените вести во дел од медиумите во врска со раскинувањето на договорот за заемно признавање на дипломите со Турција. Од Здружението велат дека се преземени сите неопходни чекори и ги повикуваат сите засегнати лица да ги земаат предвид само информациите дадени од официјални институции. „Забележавме дека вестите...

СДСМ: Ќе изградиме студентски град во Скопје

Студентски град во Скопје, нови студентски домови на државните универзитети во другите градови, подобрување на условите во кои живеат студентите, промени на образовниот систем и создавање отворени можности за вработување се мерките што ги предвидуваме за да ги мотивираме младите луѓе да останат да живеат и да работат во Македонија, порача денеска СДСМ. Од партијата потсетуваат на мерките од нејзината предизборна програма...

Турција го укина договорот за признавање на македонските дипломи

Турција го поништила договорот со Македонија за меѓусебно признавање на македонските дипломи на сите образовни нивоа, јавува „Алсат М“. Одлуката веќе била објавена во службен весник во Турција, а се однесува на договорот потпишан меѓу двете земји на 6 јули 1998 година, со кој Турција и Македонија воспоставија признавање на дипломите на сите нивоа на средно и на високо...

Протекоа личните податоци на 4.739 студенти, ДЗЛП ќе истражува кој згрешил

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) ќе изврши вонреден инспекциски надзор поради тоа што лични податоци на 4.739 студенти на неколку државни и приватни факултети кружат по интернет. Број на индекс, адреса на живеење, град, телефонски број, лозинка за електронска пошта биле испратени на адреси на стотина студенти, преку официјалниот меил на Машинскиот факултет, ([email protected]). Во соопштението на ДЗЛП се вели дека во текот...

Македонските студенти ретко пријавуваат корупција

Студентите во Македонија ретко пријавуваат корупција, покажа истражувањето на проектот „Можностите за законот за заштита на укажувачи и спречување на корупција во високото образование во Македонија“. Универзитетскиот професор Миша Докмановиќ смета дека студентите малку го познаваат законот за заштита на укажувачи и затоа не се осудуваат да пријават корупција. - Ние направивме анкета на 513 македонски студнети од четирите најголеми...

Заврши фестивалот „Скопје постер“ кој се одржа во Музеј на град Скопје

Денеска завршува деветтото издание на фестивалот „Скопје постер“, кој во изминативе 15 дена се одржа во Музеј на град Скопје. Во рамки на фестивалот, покрај изложените дизајнерски дела во рамки на четирите изложби, се одржаа и презентации и работилници на светски реномираните предавачи на теми „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“, „Дизајнирање постер за...

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји. Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“...

Време е да му се вратат слободата и власта на народот, порачаа учесниците на маршот

Се излеавме илјадници денеска во Скопје, на Денот на антифашистичката борба, и марширавме во чест на сите партизански одреди и во чест на сите паднати борци, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во обраќањето на крајот на граѓанскиот марш, кој денеска се одржа под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“. - Нивната борба за слобода денеска е и наша борба за...

„Студентски пленум“ ќе организира средба со студентите на платото на УКИМ

„Студентски пленум“ ќе организира средба со студентите на 12 октомври (среда) на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тие ги повикуваат студентите, доколку имаат идеја, желба, поплака или конструктивна забелешка, да им ја кажат во рамките на тој „Отворен пленум“. - Досега слушнавме голем број проблеми со кои студентите секојдневно се соочуваат. Затоа мислиме дека е време да се собереме...

ОЈО: Универзитетот МИТ немал акредитација за некои факултети и водел двојна евиденција

Претресите што полициски екипи вчера и денеска ги правеа во Универзитетот МИТ и во други објекти, по налог на Основното јавно обвинителство Скопје, биле спроведени откако до Државниот просветен инспекторат пристигнале претставки од дваесетина студенти од Турција во врска со студирањето на некои факултети за кои универзитетот немал акредидација или дозвола за работа, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму велат дека во...

Околу 2.600 студенти гласале на референдумот, резултати ќе има вечерва

Околу 2.600 студенти го искористиле правото да гласаат на првиот студентски референдум што го организира „Студентски пленум“, велат од пленумот половина час пред затварањето на гласачките места. На референдумот студентите се изјаснуваат за тоа какво студентско организирање сакаат. Од пленумот велат дека се задоволни и изненадени од излезноста на студентите, а официјални резултати од референдумот најавуваат вечерва по броењето на гласачките...

Голема излезност на првиот Студентски референдум

„Студентски пленум“ денеска го организира првиот студентски реферндум на кој студентите се изјаснуваат какво студентско организирање сакаат.  Референдумот се одржува на 20 факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од пленумот велат дека досега гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера и дека има изненадувачки голема излезност. - Гласањето не почна на Ветеринарен, Земјоделски и на Факултетот за физичка...

Утре референдум на „Студентски пленум“: Какво студентско организирање сакате?

„Студентски пленум“ утре, од 9 до 17 часот, ќе организира референдум на кој студентите ќе треба да се изјаснат какво студентско организирање сакаат. Гласањето ќе биде тајно, а избирачки места ќе има на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За да гласаат, студентите ќе треба на комисиите да им покажат само индекс или студентска легитимација. Право на глас...

Пратениците денеска ќе расправаат за законот за студентски стандард

Собранието денеска ќе го одржи првото продолжение на 117. седница. Дневниот ред на седницата е дополнет со предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за студентски стандард. Пратениците денеска ќе ги разгледаат и предлог-законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва, како и предлог-законите за...

МОН бара СДСМ да не ја манипулира јавноста за условите во студентските домови

Наспроти циничниот однос на СДСМ, актуелната влада и Министерството за образование и наука реализираат конкретни и мерливи активности, особено во насока на унапредување на студентскиот стандард, реагираат од министерството за образование на вчерашните обвинувања на опозициската партија. Од МОН велат дека за студентите биле изградени нови современи сместувачки капацитети, во состав на студентскиот дом Стив Наумов, а дел од постојните...

Богоев не знае математика, реагираат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Стефан Богоев наместо да пресметува весела математика која ни тој самиот не ја разбира, треба да им погледне на фактите во очи. А, фактите се поразителни. Не, само за Стефан Богоев, младиот олигарх од СДСМ туку и за целото СДСМ, реагираше денеска Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. - За првпат во историјата на независна Македонија,...

Богоев: За студентите на 11 декември доаѓа најважното прашање за заокружување

Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, денеска на прес-конференција обвини дека студентите и оваа академската година ја почнуваат со трошоци кои се поголеми од она што може да си го дозволат просечните македонски семејствата. Тој рече дека минималната месечна плата во Македонија е 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и за студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат 10.277...

Денеска почнува новата академска година

Денеска почнува новата академска 2016/2017 година на универзитетите во Македонија. За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното министерство. Новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско...

Студентите во Тирана протестираат против новите образовни реформи

Неколку стотици студенти денеска, во Тирана, излегоа на протест против образовните реформи кои резултираа со отфрлање на студенти, кои имаат највисок просек по завршување на средно школо, уште во првата фаза на упис на факултетите. Студентите се жалат на променетите правила кога станува збор за упис на универзитетите по измените на Законот за високо образование оваа година. Според новите правила, факултетите одделуваат...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...