„Студентски пленум“ ќе организира средба со студентите на платото на УКИМ

-

„Студентски пленум“ ќе организира средба со студентите на 12 октомври (среда) на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тие ги повикуваат студентите, доколку имаат идеја, желба, поплака или конструктивна забелешка, да им ја кажат во рамките на тој „Отворен пленум“.

– Досега слушнавме голем број проблеми со кои студентите секојдневно се соочуваат. Затоа мислиме дека е време да се собереме на едно место и заедно да ги дискутираме и да одлучиме за начините за нивно решавање. Секој студентски дом, секоја неправедност нанесена од факултетскиот кадар, секоја студентска бенефиција може да биде решена доколку студентите се сплотени под заедничкото решение. Дојдете да го осмислиме решението – се вели во нивниот повик на „Фејсбук“.

Тие додаваат дека по одржувањето на референдумот, Сенатот на УКИМ мора да го следи мислењето на студентите.

– Но, бројноста на студентите роди нова искра за квалитетно студентско организирање, кое ќе работи за потребите на студентот и за подобрување на неговиот стандард. Кажавме „не“ на корумпираниот систем, но борбата уште трае. Ќе бидат притискани сè додека секој студент не спие во нормални услови. Додека секој факултет не разбере дека не е ништо без студентите – додаваат од „Студентски пленум“.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...