fbpx

Студентите во Тирана протестираат против новите образовни реформи

-

Неколку стотици студенти денеска, во Тирана, излегоа на протест против образовните реформи кои резултираа со отфрлање на студенти, кои имаат највисок просек по завршување на средно школо, уште во првата фаза на упис на факултетите.

Студентите се жалат на променетите правила кога станува збор за упис на универзитетите по измените на Законот за високо образование оваа година.

Според новите правила, факултетите одделуваат 10 отсто од поените за изборните предмети кои средношколците ги одбрале во текот на годините. Секој факултет има своја листа на предмети која ја зема предвид при упис на нови студенти. Доколку студентот не ги одбрал тие предмети во училиште, ризикува да не може да се запише на факултет.

Листата на изборни предмети потребни за упис на секој факултет беше објавена во јуни, откако средношколците го завршија средното образование.

На денешниот протест студентите истакнаа дека ова е причина илјадници одлични студенти да не можат да се запишат на факултет.

Студентите денеска протестираа пред канцеларијата на премиерот, а утре е закажан нов протест пред албанскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...