fbpx

Денеска почнува новата академска година

-

Денеска почнува новата академска 2016/2017 година на универзитетите во Македонија.

За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното министерство.

Новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Домот на АРМ.

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, пак, ќе се обрати на првиот час на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Блажо Боев, на свеченоста пред новите студенти на УГД.

Предавање по повод првиот академски час ќе се одржи за питомците и за студентите на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, а свеченост за новите студенти ќе има и на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), на која ќе присуствува ректорот Вулнет Амети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...