Утре референдум на „Студентски пленум“: Какво студентско организирање сакате?

-

„Студентски пленум“ утре, од 9 до 17 часот, ќе организира референдум на кој студентите ќе треба да се изјаснат какво студентско организирање сакаат. Гласањето ќе биде тајно, а избирачки места ќе има на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

За да гласаат, студентите ќе треба на комисиите да им покажат само индекс или студентска легитимација. Право на глас имаат сите студенти на додипломски и мастер-студии.

– Иако овој референдум е неформален, сепак има една тежина, со која треба да им се даде или изврши притисок на сенаторите. Ги повикуваме сите студенти утре активно да излезат и да му кажеме едно конечно „не“ на криминалниот Студентски парламент – изјави Ѓорѓи Рајчиноски од „Студентски пленум“.

Од „Студентски пленум“ велат дека излезноста е важна, но уште поважно е сè да биде спроведено во фер и демократска атмосфера за студентите да покажат дека со висока демократска свест можат да ги користат своите можности.

– Референдумот е важен затоа што долги години се соочуваме со студентски парламент како организација, која парите ги троши на луксузи, додека студентите во студентските домови живеат во мувла. На студентските избори имаше низа нерегуларности, а врз студентите имаше интервенција и од единиците за брзо распоредување – заклучи Рајчиноски.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...