Околу 2.600 студенти гласале на референдумот, резултати ќе има вечерва

-

Околу 2.600 студенти го искористиле правото да гласаат на првиот студентски референдум што го организира „Студентски пленум“, велат од пленумот половина час пред затварањето на гласачките места. На референдумот студентите се изјаснуваат за тоа какво студентско организирање сакаат.

Од пленумот велат дека се задоволни и изненадени од излезноста на студентите, а официјални резултати од референдумот најавуваат вечерва по броењето на гласачките ливчиња.

– Половина час пред затварањето на гласачките места, има излезност од околу 2.600 студенти. Гласачките места се отворени од 9 до 17 часот, но доколку некои колеги се на предавања до 17 часот, а сакаат да го остварат своето право, ќе ги почекаме. Задоволни сме од излезноста, затоа што гласањето на изборите за претседател на Студентскиот парламент сигурно немаше 5.000 гласа како што тврдат туку максимум 300-400 – вели за „Мета“, Деа Здравковска од „Студентски пленум“.

Референдумот се одржува на 20 факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Од пленумот велат дека гласањето се одвивало во мирна, фер и демократска атмосфера. Гласањето не почна на Ветеринарен, Земјоделски и на Факултетот за физичка култура затоа што немало пријавени волонтери.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има 25.976 студенти.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...