fbpx

Богоев не знае математика, реагираат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

-

Стефан Богоев наместо да пресметува весела математика која ни тој самиот не ја разбира, треба да им погледне на фактите во очи. А, фактите се поразителни. Не, само за Стефан Богоев, младиот олигарх од СДСМ туку и за целото СДСМ, реагираше денеска Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

– За првпат во историјата на независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ постигна договор за утврдување на минимална плата која сега изнесува 10.080 денари и истиот го уреди со закон, што значеше сигурност за македонските граѓани, и се работи на континуирано покачување на истата. Се изгради нов студентски дом – Стив Наумов, а беа реконструирани и дел од постојните објекти на студентските домови. Реконструиран е и блок Б од студентскиот дом Гоце Делчев, а се чека мебел за негово опремување за да се пушти во употреба. Лифтовите во сите студентски домови се заменети со нови, дополнително ќе се градат и 3 нови студентски домови. Да потсетиме дека во време на СДСМ кога државата ја водеа постарите партиски колеги на Богоев, студентите имаа само неколку стипендии кои редовно ги добиваа децата на црвената буржоазија на СДСМ. Денеска студентите имаат можност да искористат над 40 различни видови стипендии, а воведена е и една од најважните стипендии за упис на еден од 100-те светски најдобри универзитети, што уште еднаш ја покажува грижата на ВМРО-ДПМНЕ за образованието на младите – рече Нелоски.

Тој додаде дека намалена е и партиципацијата за студентите. Нелоски вели дека некогаш студирањето било привилегија за децата на олигарсите и членовите на СДСМ, а денеска е реалност за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...