fbpx
Таг: Шведска

таг: Шведска

Вистиномер: Шведска студија не покажала дека вакцината на „Фајзер“ ја менува човековата ДНК

Експериментот во студијата е направен врз клетки во лабораторија, односно се работи за ин витро експеримент. Ин витро експериментите се важни за давање насоки што би можело да се случи во човековиот организам ин виво. Но, за да се заклучи што се случува во човековиот организам „во живо“, мора да се направат и такви истражувања. Исто така, авторите на...

Со огромно мнозинство Собранието го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО

Собранието на Северна Македонија на 82. собраниска седница денеска со огромно мнозинство ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО. Од регистрирани 120 пратеници, „За“ гласаа 103, вклучувајќи ги и најголем дел од пратениците на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, а „против“ гласале само двајцата пратеници на „Левица“. Како што покажуваат податоците на Собранието на Република...

Турција ја поддржува кандидатурата на Финска и Шведска за НАТО

Членката на НАТО, Турција се согласи да го поддржи членството на Шведска и Финска во алијансата иако првично се спротивстави за кандидатурите на нордиските земји заради нивната подготвеност да ги примат курдските милитанти, пренесе Би-би-си. Министрите за надворешни работи од трите земји потпишаа заеднички безбедносен пакт кој се однесува на загриженоста на Турција. Русија силно се противи на приклучувањето на двете...

Македонскиот државен врв даде согласност за прием на Финска и Шведска во НАТО

Како земја-членка на НАТО, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната вонредна седница ја донесе одлуката да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО, информираат од владината прес-служба. Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште пред три дена изјави дека...

Пендаровски: Со полноправното членство на Шведска и Финска, НАТО ќе се зајакне особено во неговото источно крило

Денешното истовремено предавање на официјалните писма за барање за прием во најмоќната воена Алијанса е испишување на уште една страница од историските промени во сојузништвото. Искрено ја поздравувам и поддржувам кандидатурата на овие значајни земји за просперитетот и безбедноста на Европа, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски по повод предадените апликации на Финска и Шведска за членство во...

Финска и Шведска и официјално ги поднесоа барањата за членство во НАТО

Финска и Шведска денеска и официјално ги поднесоа најавените барања за членство во НАТО, јавува Би-би-си. Со ова, започнува процесот на пристапување на двете скандинавски земји, за којшто резерви против нивното членство засега најави единствено Турција. Во четврток е планирано лидерите на Финска и Шведска да имаат состанок со американскиот претседател Џо Бајден. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на...

Шведска го потпиша барањето за влез во НАТО, Финскиот парламент денеска ќе гласа за приклучување

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, потпиша апликација за влез на земјата во НАТО со што стави крај крај на децениската воена неутралност. Just signed a historic indication letter to #NATO Secretary General @jensstoltenberg from the Swedish Government 🇸🇪. Our NATO application is now formally signed. pic.twitter.com/1RAxjikjc0 — Ann Linde (@AnnLinde) May 17, 2022 Историскиот момент на потпишувањето на документот таа...

Финска одлучи да аплицира за членство во НАТО без одложување

Финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин утрово преку заедничко соопштение објавија дека Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одложување, пренесува Би-би-си. Ваквиот потег на финското раководство доаѓа во период на растечката поддршка на јавноста за членство во НАТО, која доаѓа откако Русија на 24 февруари ја започна воената инвазија врз Украина. Финска и официјално ќе...

Шведска донираше опрема за мерење на загадувањето на воздухот вредна над 300.000 евра

Министерството за животна средина доби донација од Шведска во опрема за мерење на квалитетот на воздухот, вредна повеќе од 300.000 евра. Преку соработката на Шведската агенција за заштита на животната средина и Министерството во проектот „Поддршка на Северна Македонија во пристапувањето во ЕУ на полето на животната средина“, обезбедена е високопрецизна лабораториска опрема за мерење на квалитетот на воздухот. Со...

Холандија и Шведска со олеснети мерки за влез на вакцинирани граѓани од Македонија

Холандија го укинува задолжителниот карантин од 10 дена за целосно вакцинираните патници од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Северна Македонија, соопшти министерството за надворешни работи. Исто така, и Шведска ја укинува привремената забрана за влез во земјата за нашите граѓани. „Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да...

Поради растот на вредноста на „Биткоин“, Шведска на осуден дилер на дрога ќе му врати 1,6 милиони долари

Шведска мора да врати 1,6 милиони американски долари во биткоини, откако вредноста на биткоините на осуден дилер на дрога многукратно пораснала додека тој отслужувал затворска казна. Обвинителката Тове Кулберг изјавила за Шведското радио дека пред две години во судскиот процес да се одземат парите на дилерот на дрога, одноно 36 биткоини, коишто во тоа време вределе околу 137.000 долари. Но...

Медицински техничар од Шведска ќе го пренесе искуството во лекување на пациенти со ковид-19 на Инфективна клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку Европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од ковид-19, информираат од Министерство за здравство. Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопил...

Дезинформација е тврдењето дека СЗО го менува ставот за корона вирусот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Сведоштво: Во Шведска нема забрани и казни, но сите ги почитуваат препораките за корона вирусот

Шведска е една од ретките европски држави што има различен пристап кон корона вирусот. Земјата досега нема ниту една забрана или рестрикција за движење на нејзините граѓани, границите се отворени, голем број фирми работат, јавниот транспорт функционира нормално, трговските центри и рестораните се отворени, а работат и училиштата и градинките. Во моментов има 4.435 заразени, од кои 358 се...

Дезинформации за Шведска се користат како мамка за корисници на Фејсбук од Македонија

Корисниците на Фејсбук од Република Северна Македонија се целна група на огласи со кои се наведуваат да посетуваат страници на интернет преку кои може да бидат ограбени. Овој вид огласи навидум нудат информации за некакви проблеми и немири во Шведска, а при кликањето на линкот се врши пренасочување до сајтови за крипто-валути на кои е инсталиран злонамерен софтвер пишува...

Валстром и Соини се охрабрени од реформите на македонската влада

Иднината на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, изјави денеска во Скопје министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, притоа порачувајќи дека Македонија треба да продолжи со реформските напори во насока на владеењето на правото, слободата на говорот, слободата на медиумите. Валстром, на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и со нејзиниот фински колега,...

Жестоки судири и десетици уапсени на неонацистички собир во Гетеборг

Неонацистички собир во Гетеборг, вториот по големина град во Шведска, заврши со тепачки меѓу учесниците и контрадемонстрантите со антифашистички убедувања, а полицијата уапси десетици лица. Движењето Нордиски отпор (НМР) организираше марш по улиците на Гетеборг, при што полицијата интервенираше и дојде до пресметка кога учесниците се обиделе да излезат од најавената маршрута. Уапсени биле десетици лица, меѓу кои и водачот...

Самуелсен: Данска ја поддржува Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Копенхаген добил уверување од својот дански колега, Андерс Самуелсен за поддршка од Данска на реформите што новата македонска влада сака да ги спроведе, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. - Ја имате нашата целосна политичка поддршка за претстојната работа на вашата влада во остварувањето на овие стратешки цели - порачал шефот...

Димитров од утре во посета на Данска, Шведска и Финска

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од утре до четврток ќе престојува во работна посета на Данска, Шведска и Финска. „Во рамките на регионалната турнеја, министерот Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратешките приоритети на новата реформска Влада, насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија и нејзините граѓани. Главниот акцент...

Ден на македонската култура во Шведска

Попладнево од 18 часот, во шведскиот град Телеборг ќе се одржи годинашната манифестација Ден на македонската култура. Покровител на манифестацијата е Македонскиот сојуз, а домаќин годинава ќе биде друштвото „Пелистер“. После, културниот дел од програмата и настапот на учесниците - фолклористи, рецитатори и натпреварот „Вешта жена“, организаторот, за присутните, ќе приреди забава со популарната пејачка Елена Јовчевска и оркестарот „Прилепски...

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...