fbpx

Пендаровски: Со полноправното членство на Шведска и Финска, НАТО ќе се зајакне особено во неговото источно крило

-

Денешното истовремено предавање на официјалните писма за барање за прием во најмоќната воена Алијанса е испишување на уште една страница од историските промени во сојузништвото. Искрено ја поздравувам и поддржувам кандидатурата на овие значајни земји за просперитетот и безбедноста на Европа, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски по повод предадените апликации на Финска и Шведска за членство во НАТО.

„За жал, фактот дека земји со традиционална воена неутралност со огромно мнозинство одлучуваат да ја променат, зборува дека опасноста од нови војни повторно тропа на европска врата. Со цел сеопшто посакуваниот траен мир да прерасне во реалност, проширувањето на Алијансата е добра вест“, наведе Пендаровски во денешната изјава.

Како што стои во соопштението од претседателскиот Кабинет, тој ја поздравува оваа одлука и упатува поддршка за брз прием на земјите, кои несомнено ќе дадат придонес во колективната безбедност. Според него, тоа е одлука на суверени земји кои имаат право на сопствени одлуки особено кога се работи за добросостојбата на нивните граѓани.

„Северна Македонија, како најнова земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, има чест да ја продолжи политиката на отворени врати со нашите партнери, Финска и Шведска, особено имајќи го предвид политичкиот, безбедносниот и географскиот контекст“, вели Пендаровски.

Шефот на државата нагласи дека со полноправното членство на Шведска и Финска, НАТО ќе се зајакне особено во неговото источно крило, од каде и доаѓаат најголемите предизвици, што е случај со руската воена агресија на Украина.

„Дополнително, одличните билатерални односи со овие две пријателски земји, ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво, со кое се зацврстува и партнерската соработка во сферите на заеднички интерес, вклучително и нивната принципиелна поддршка за уште едно сојузништво во рамките на Европа“, потенцира претседателот на државата Пендаровски.

Финска и Шведска и официјално ги поднесоа барањата за членство во НАТО

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...