fbpx
Таг: Шведска

таг: Шведска

Шведска се откажа од истрагата против Асанж

Директорот на шведското јавно обвинителство одлучи да се откаже од истрагата за случаите за наводно силување за кое беше осомничен директорот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, јавува „Би-би-си“. Одлуката доаѓа во пресрет на испитувањата на барањето на адвокатот на Асанж доставено до судот во Стокхолм, Шведска да ги повлече европските налози за апсење. Асанж од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор,...

Џафери и Стефансон разговараа за изборот на нова влада и за локалните избори

Доделувањето на мандатот за составување нова влада, следните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со тој процес и локалните избори биле главни теми на разговор на денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со амбасадорот на Шведска во земјава, Матс Стефансон. Стефансон, како што соопштуваат од кабинетот на новоизбраниот спикер, на Џафери му го честитал изборот на функцијата...

Валстром: Новоизбраниот претседател на парламентот во Македонија мора да се почитува

Новоизбраниот претседател на Собранието во Македонија мора да се почитува, порача шведската министерка за надворешни работи, Маргот Валстром. „Претседателот беше избран од страна на парламентарното мнозинство и јас со нетрпение очекувам да соработувам со него. Шведска силно ги осудува шокантните акти на насилство што следеа по неговиот избор во четвртокот. Ова е целосно неприфатливо за една демократија и одговорните лица треба да...

Наместо нови избори – нова влада, порачаа Пломп, Стефансон и Јазбец

Амбасадорите на Шведска, на Холандија и на Словенија, Матс Стефансон, Ваутер Пломп и Милан Јазбец, денеска порачаа дека Брисел не гледа потреба за одржување на нови предвремени парламентарни избори, особено зашто последните биле оценети како фер и слободни, а новите избори би значеле само продлабочување на политичката криза во Македонија. - Изборите што се одржаа во декември беа слободни и...

Уште едно лице уапсено во Шведска поради нападот во Стокхолм

Шведската полиција соопшти дека уапсила уште еден осомничен во врска со минатомесечниот напад со камион во Стокхолм, во кој загинаа четири лица, а повредени беа 15. Неименуваното лице е приведено вчера, по налог на обвинителството. Осомничениот возач, барач на азил од Узбекистан, е идентификуван како Рахмат Акилов и се наоѓа во притвор. Полицијата соопшти дека второто апсење следело по анализите на материјалот...

Центарот на Стокхолм затворен за сообраќај, евакуирани владините објекти

Три лица загинаа, а повеќе се повредени откако камион влета во пешачка улица во Стокхолм, пред да удри во продавница, потврди полицијата. Шведскиот премиер Штефан Лофвен изјави дека сите детали од инцидентот посочуваат дека станува збор за терористички напад. Иако премиерот соопшти дека осомничениот е приведен, полицијата вели дека засега не може да потврди дека некој е уапсен. Шведската полиција издаде предупредување...

Камион влета во пешачка зона во Стокхолм, три лица загинаа

Камион влетал меѓу луѓе на улица во централен Стокхолм, јавуваат светските медиуми. Според информации од шведската полиција, повеќе лица се повредени. Шведските медиуми јавуваат дека три лица загинале, но овие податоци засега не се потврдени. - Видов стотина лица како трчаат, во обид да си го спасат животот - вели очевидецот Ана за весникот „Афтонбладет“. https://twitter.com/TheSnowHermit/status/850342613731483648 Друг очевидец вели дека видел како возилото гази...

Шведски новинари на суд за шверцување дете од Сирија

Тројца вработени во шведската телевизиска станица СВТ се најдоа пред суд под обвинение дека во скандинавската земја прошверцувале сириско момче. Новинарот Фредерик Оневал работел на документарец за мигранти кога во Грција го запознал сириското момче. Момчето, кое немало придружба, изразило желба да оди во Шведска, земја која во 2015 година прими рекордни 163.000 барања за азил. Оневал, неговиот камерман и преведувач...

Асанж ги негираше обвинувањата за силување

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ја објави изјавата дадена за шведското обвинителство во која тврди дека не извршил сексуална злоупотреба пред шест години за време на посетата на Шведска. Во изјавата која е објавена во светските медиуми тој негира дека имал сексуален однос без заштита со една жена додека таа спиела. Тој рече дека тоа бил доброволен сексуален однос на две...

Упаднале во џамија во Стокхолм и цртале свастики

Неидентификувани напаѓачи упаднеле по утринската молитва во џамија во шведската престолнина Стокхолм и со спреј нацртале нацистички свастики и пораки со говор на омраза по ѕидовите, а фрлале и петарди, соопшти локалната полиција. Официјални лица од џамијата изјавиле дека сите верници, освен еден, ја напуштиле џамијата за време на нападот, како и дека верникот кој останал бил вознемирен поради тоа...

Продолжува распитот на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон

Шведската државна обвинителка Ингрид Исгрен пристигна во амбасадата на Еквадор, каде ќе продолжи со испитувањето на основачот на „Викиликс“, Џулиен Асанж, во врска со истрагата за силување. Сослушувањето на Асанж поради наводните силувања во Шведска почна вчера, а неговиот адвокат, Пер Самуелсон, наведе дека нема сомнеж оти неговиот клиент е невин. Обвинение против Асанж за силувања во Шведска сè уште не...

Почна распитот на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон

Во амбасадата на Еквадор во Лондон почна сослушувањето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во врска со обвиненијата за силување во Шведска во 2012 година. На првиот ден, сослушувањето е спроведено во присуство на обвинител од Еквадор и на шведската обвинителка Ингрид Исгред, задолжена за истрагата, соопшти шведското обвинителство. Адвокатот на Асанж, Пер Самуелсон, изјави дека сослушувањето ќе трае неколку...

Темпото на вработување во ЕУ забавува

Во Европска Унија се забавува темпото на вработувања, така што статистиката покажува дека секој шести е невработен, во првите три месеци годинава. Работа пронашле 15,4 проценти од невработените, односно три милиони невработени, наведува Евростат. Со тоа, темпото на вработување било забавено во однос на четвртото тримесечје лани, кога работа успеале да пронајдат 18 проценти од невработените или 3,5 милиони луѓе. Извештајот...

Еквадор ќе дозволи Шведска да го испита Асанж

Еквадор синоќа соопшти дека ќе дозволи шведската влада да го испита основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој од 2012 година се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон. Министерството за надворешни работи на Еквадор објави дека во следните недели ќе бидат прецизирани процедурите за испитувањето на Асанж во амбасадата во Лондон и оти тогаш ќе се одржи состанокот. Шведска во јуни побара...

Експлозија во станбена зграда во Малме

Експлозија одекна синоќа во станбена зграда во шведскиот град Малме, јавуваат локалните медиуми. - Експлозијата се случила во еден од становите - изјави портпаролот на полицијата, Ана Горансон, додавајќи дека причината сè уште се утврдува. Според податоците од прелиминарната истрага, нема повредени во експлозијата, која се случила во област кај улицата Трелеборг. - Колку што знаеме, нема повредени, но превентивно поставивме кордон во областа...

Лавров: Ако Шведска влезе во НАТО, Русија ќе преземе мерки

Москва ќе ја почитува евентуалната одлука на Шведска за приклучување во НАТО, но ќе преземе мерки како одговор на военото приближување на Алијансата до руските граници, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Тој во интервју за весникот „Дагенс најхетер“ објасни дека мерките се неопходни со оглед на тоа што НАТО е воено-политичка организација која гледа на Русија како на...

На „Евровизија“ забранети знамињата на Косово и на Исламска држава

На годинешното натпреварување за песна на „Евровизија“ забранети се знамињата на Косово, Исламска држава, Палестина, Крим, Доњецка Република, Нагорно Карабах и на Северен Кипар, соопштија организаторите. За време на настанот во Стокхолм, Шведска, во салата нема да биде можно да се внесат тие знамиња. За одлуката на организаторите можно е да се поднесат жалби. Покрај тие знамиња, нема да биде можно да...

Опаѓа бројот на бегалци што доаѓаат во Шведска

Шведските власти проценуваат дека земјата годинава ќе прими два до три пати помалку бегалци поради затворањето на балканската бегалска рута. Според податоците на Агенцијата за миграција, во 2015 година барање за азил поднеле 163.000 мигранти, додека годинава се очекува да бидат поднесени околу 60.000 барања. - Секојдневно гледаме луѓе како доаѓаат од Турција во Грција или преку море во Италија, но во...

Шведска почнува истрага поради „Панамa пејперс“

Шведската Администрација за финансиски надзор (ФСА) стапила во контакт со властите од Луксембург и побарала информации за обвиненијата дека банкарската група „Нордеа“ им помогнала на одредени клиенти да отворат сметки во земји кои се сметаат за даночен рај. Информациите за „Нордеа“ се наведени во 11,5 милиони документи што протекоа во медиумите од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“. - Ова го сфаќаме особено...

Хипотекарните кредити во Шведска лимитирани на 105 години

Шведскиот парламент го усвои законот со кој рокот на хипотекарни кредити се ограничува на 105 години, со што се настојува скандинавската нација да ги сопре високите цени на недвижности и да се намали нивото на долг по домаќинство. Како што пишува „Франс прес“, порано во оваа земја не постоеше законско ограничување за должината на траење на хипотеката, така што станбените...