Шведската полиција соопшти дека уапсила уште еден осомничен во врска со минатомесечниот напад со камион во Стокхолм, во кој загинаа четири лица, а повредени беа 15.

Неименуваното лице е приведено вчера, по налог на обвинителството.

Осомничениот возач, барач на азил од Узбекистан, е идентификуван како Рахмат Акилов и се наоѓа во притвор.

Полицијата соопшти дека второто апсење следело по анализите на материјалот собран по нападот.