fbpx

Опаѓа бројот на бегалци што доаѓаат во Шведска

-

Шведските власти проценуваат дека земјата годинава ќе прими два до три пати помалку бегалци поради затворањето на балканската бегалска рута.

Според податоците на Агенцијата за миграција, во 2015 година барање за азил поднеле 163.000 мигранти, додека годинава се очекува да бидат поднесени околу 60.000 барања.

– Секојдневно гледаме луѓе како доаѓаат од Турција во Грција или преку море во Италија, но во Шведска во моментот не доаѓаат – изјави административниот директор на Агенцијата за миграција, Микаел Рибенвик.

Тој додаде дека затворањето на бегалската рута и спогодбата меѓу ЕУ и Турција го отежнале распоредувањето на баратели на азил низ Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...