fbpx

Еквадор ќе дозволи Шведска да го испита Асанж

-

Еквадор синоќа соопшти дека ќе дозволи шведската влада да го испита основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој од 2012 година се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон.

Министерството за надворешни работи на Еквадор објави дека во следните недели ќе бидат прецизирани процедурите за испитувањето на Асанж во амбасадата во Лондон и оти тогаш ќе се одржи состанокот.

Шведска во јуни побара да го интервјуира Асанж.

Асанж во вторникот поднесе жалба на одлуката на окружниот суд во Стокхолм, кој го потврди налогот за негово апсење поради наводните кривични дела за силување и сексуално вознемирување, кои тој ги негира.

Обвинителите во Шведска сакаат да го испитаат Асанж за наводите на две поранешни волонтерки во „Викиликс“.

Одбраната на Асанж бара налогот за апсење да се повлече, укажувајќи дека според шведскиот кривичен закон, обвинителството треба да ги истражи околностите на настанот во што е можен пократок рок, а финансиските и штетите на угледот на обвинетиот да бидат сведени на минимум.

Две Швеѓанки го обвинија Асанж дека сексуално ги вознемирувал, но официјално обвинение против него не е подигнато. Според шведските закони, осомничениот може да биде обвинет за извршување кривично дело откако ќе биде испитан.

Шведските власти од 2010 година бараат апсење и екстрадиција на Асанж. Британскиот суд во 2011 година донесе одлука Асанж да и биде испорачан на Шведска, по што тој побара засолниште во амбасадата на Еквадор, каде се уште се наоѓа.

САД исто така бараат Асанж да им биде испорачан поради објавување тајни за американската политика и дипломатија, со што и нанел штета на американската национална безбедност. Асанж стравува дека Шведска би можела да го предаде на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...