fbpx

Холандија и Шведска со олеснети мерки за влез на вакцинирани граѓани од Македонија

-

Холандија го укинува задолжителниот карантин од 10 дена за целосно вакцинираните патници од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Северна Македонија, соопшти министерството за надворешни работи. Исто така, и Шведска ја укинува привремената забрана за влез во земјата за нашите граѓани.

„Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање“, соопштија од министерството за надворешни работи.

Оттаму потсетуваат дека сертификатите за вакцинација од погоре набројаните земји имаат иста важност како дигиталниот COVID сертификат на ЕУ, според одлуката на Европската комисија.

„Што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ“, се вели во соопштението од министерството.

Оттаму додаваат дека поради високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки се најавени и од Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.

„Од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски“, велат од министерството за надворешни работи.

Повеќе информации за улсловите за влез во Холандија може да се најдат на следните линкови:  wijsopreis.nl и  reizentijdenscorona.rijksoverheid.nl

На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...