Поради растот на вредноста на „Биткоин“, Шведска на осуден дилер на дрога ќе му врати 1,6 милиони долари

Фото: Nick Chong на Unsplash

Шведска мора да врати 1,6 милиони американски долари во биткоини, откако вредноста на биткоините на осуден дилер на дрога многукратно пораснала додека тој отслужувал затворска казна.

Обвинителката Тове Кулберг изјавила за Шведското радио дека пред две години во судскиот процес да се одземат парите на дилерот на дрога, одноно 36 биткоини, коишто во тоа време вределе околу 137.000 долари. Но до мигот кога шведската Управа за наплати почнала да ги продава биткоините на аукции, вредноста на криптовалутата скокнала до небо, па морало да се продадат само три за да се добие вредноста од 137.000 долари што била наведена како печалба на дилерот во време на неговото апсење.

Сега владината управа мора да ги врати преостанатите 33 биткоини, коишто во понеделникот наутро вредеа вкупно 1,66 милиони американски долари на дилерот, и покрај тоа што тој дошол до ова количество криптовалута на криминален начин.

„Лекцијата што треба да се научи од ова е да се одредува вредноста во биткоини и дека печалбата од криминал треба да се одреди како 36 биткоини, без разлика на вредноста што биткоинот ја има во одреден момент“, наводно рекла Кулберг.

Таа вели дека овој случај е прв во земјата кога се запленети криптовалути, па немало преседан, односно претходен пример.

Инаку, користењето криптовалути е многу често кај луѓето и групите вмешани во криминални активности, што е уште една од причините поради кои дел од стручната јавност има остри критики за криптовалутите. Трансакциите со криптовалути е речиси невозможно да се следат, што ги прави еден од најпривлечните начини за трансфер на пари во криминалните кругови.