fbpx
Таг: САД

таг: САД

Рон Де Сантис се откажа од претседателската трка и го поддржа Доналд Трамп

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, се откажа од претседателската трка за републикански кандидат на изборите во САД годинава и го поддржа Доналд Трамп. Тој поднесе оставка пред републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир, пренесува Би-би-си. Де Сантис се сметаше за силен кандидат за номинација на Републиканската партија, но вчера рече дека „нема јасен пат до победа“. Повлекувањето на Де Сантис...

Администрацијата на Бајден не ги отстранила орелот и знамето од американскиот пасош

Пасошите на САД со променет дизајн уште го содржат и орелот и знамето на САД, само на различна страница. Тие почнаа да се издаваат во 2021 година, со одлука од времето кога претседател на САД беше Доналд Трамп, така што не е точно дека администрацијата на Бајден ги сменила, ниту пак дека ги отстранила орелот и знамето, пишува „Вистиномер“...

САД не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери

САД во 1928 година не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери и со карта на „обединета Македонија“, како што се тврди во објавата. Очигледно е дека станува збор за лажни наводни поштенски марки. Поштата на САД во 1928 година издала само шест поштенски марки и ниту една од нив нема никаква врска со Македонија, пишува „Вистиномер“...

Победа на Трамп на прелиминарните избори во Ајова за кандидат за претседател на Републиканската партија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на првите внатрепартиски избори за претседателски кандидат на Републиканската партија во сојузната држава Ајова, со што го зацврсти статусот на голем фаворит на десницата за претседателските избори во САД. Трамп презеде половина од гласовите, придвижувајќи се кон тесна и жестока изборна кампања против демократот Џо Бајден. Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис (45), заврши далеку...

САД изврши уште еден воздушен напад во Јемен

САД изврши воен напад со „Томахок“ ракети во база во Јемен, каде се вршело лоцирање со радарски системи. Нападот доаѓа еден ден по обемниот напад на САД и Обединетото Кралство врз речиси 30 воени бази во Јемен, известува Гардијан. Петмина загинале и шестмина биле повредени во вчерашните напади. Нападите на САД и Обединетото Кралство се одговор на нападите врз бродови во...

САД и Британија бомбардираа воени бази во Јемен, каде избија масовни протести

Вчеравечер воените сили на САД и Обединетото кралство бомбардираа воени бази во Јемен, известува Би-би-си. Нападите се одговор на нападите врз бродови во Црвеното Море од страна на Хути, екстремистичката организација која го управува Јемен. Нападите на Хути започнаа по војната во Газа и нивната иницијална цел беше да се спречи гориво и други ресурси да стигнат до Израел....

Протекоа плановите за евакуација во случај на масовно пукање во неколку американски училишта

Илјадници документи кои содржат планови за вонредни состојби во американските училишта, вклучувајќи ги и безбедносните процедури во случај на масовно пукање, ненамерно биле објавени на интернет во збирка која содржи над 4 милиони записи. Минатиот месец, безбедносниот истражувач Џеремаја Фаулер открил податоци тешки 800 гигабајти поврзани со компанијата „Raptor Technologies“ која продава софтвери за училиштата, објави „Wired“ (Вајерд). Фирмата обезбедува софтвер...

Семејството на министерот за одбрана на Украина нема американско државјанство

Рустем Умеров, новиот министер за одбрана на Украина, не е поштеден од руската машинерија за дезинформации. На руски Телеграм канали кружеа лажни вести дека семејството на актуелниот министер за одбрана има американско државјанство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во деновите пред католичкиот Божиќ, на неколку руски групи на Телеграм се споделуваа лажни вести дека членовите...

Се урна хеликоптер на американската морнарица за време на воена вежба, причините непознати

Хеликоптер на американската морнарица вчера се урна во Јужна Калифорнија, во водите на заливот Сан Диего, објавија медиуми во САД по изјавата на воениот портпарол Бет Теч. Хеликоптерот „MH-60R Seahawk“ (Јастреб) учествувал во воена вежба, пренесува „Фокс Њуз“. Сите шест членови на екипажот ја преживеале несреќата. Тие биле спасени во водата, извадени на брегот, по што биле испратени на медицински прегледи. Претставници...

Сопрена американската помош за Украина

Помошта од САД за Украина е привремено блокирана, соопшти Белата куќа денеска, откако Конгресот не успеа да ги одобри дополнителните пари за Украина што американскиот претседател Џо Бајден ги побара на крајот на минатата година. Гласањето беше одложено, а републиканските конгресмени го условија одобрувањето на помошта за Украина и неколку други земји од 106 милијарди долари со засилување на обезбедувањето...

САД и Британија соборија ракети од досега најголемиот воздушен напад на Хути во Црвеното Море

Американски и британски сили соборија ракети лансирани од Хутите во Црвеното Море, известува Гардијан. Не се забележани загинати лица. Нападот на јеменската исламистичка група се смета за најкомплексниот досега откако таа почна да таргетира бродови во регионот по конфликтот во Газа. Како последица на напади на Хути, најголемите шпедитерски фирми ги пренасочуваат своите бродови да кружат околу Африка наместо да одат...

Додик се заканува со расцеп на Српска, САД му пратија воени авиони

Два американски воени авиони Ф-16 вчера прелетаа над небото на Босна и Херцеговина, на ден пред прославата на босанскиот ентитет Република Српска на 9 јануари како датум на нејзиното основање во 1992 година. Двата американски авиони на воздухопловството на САД вчера ја изведоа билатералната копнено-воздушна вежба заедно со вооружените сили на БиХ на подрачјето на Тузла и Брчко, пренесува...

Приземјени се 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“, пренесува Би-би-си. Ваквиот потег доаѓа еден ден откако се случи инцидентот со отпаѓање на дел од патнички авион на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. Во петокот авион на „Алјаска ерлајнс“ од серијата „737-9 макс“ мораше принудно да слета по полетувањето од американската сојузна држава...

САД: Русија ја нападна Украина со севернокорејски балистички ракети

Русија почна да користи балистички ракети обезбедени од Северна Кореја за да ја нападне Украина, соопшти Белата куќа. Вашингтон, исто така, тврди оти Русија преговара со Иран за купување балистички ракети со краток дострел, јавува Гардијан. Проценката на американските разузнавачки служби е дека иранските ракети сè уште не пристигнале во Русија, но оти ќе биде постигнат договор. Портпаролот на Советот за...

Блинкен ќе отпатува на Блискиот Исток, ќе го посети и Израел

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска заминува на Блискиот Исток, при што ќе го посети и Израел. Во Израел ќе отпатува и американскиот дипломатски претставник Амос Хохштајн, во обид да ги смири тензиите меѓу земјата и Хезболах, вели во изјава за Ројтерс и Франс-прес висок американски функционер, кој инсистирал да остане анонимен. Ова ќе биде четврта посета на американскиот државен...

САД со последна помош за Украина, за повеќе ќе треба одобрување од Конгресот

САД објавија дека ќе испратат воена помош од 250 милиони долари за Украина. Сепак, станува збор за последната транша годинава, а за дополнителна поддршка кон Украина ќе треба ново одобрување од американскиот Конгрес, пишува Јуроњуз. Белата куќа веќе предупреди дека официјален Кијив ќе снема ресурси до крајот на годинава. Во американскиот Конгрес преговорите меѓу републиканците и демократите се во застој,...

Со дрон од Иран погоден танкер кај индискиот брег

Танкер со хемикалии вчера бил погоден од беспилотно летало лансирано од Иран во Индискиот океан, соопшти американската војска, а пренесуваат светските новински агенции. Според Пентагон, бродот „Chem Pluto“ (Хем Плуто) бил погоден околу 370 километри од брегот на Индија. Пожарот на бродот е изгаснат, а жртви нема, јавува Би-си-си. Станува збор за танкер под знамето на Либерија, во јапонска сопственост и...

Американскиот Врховен суд може да ги реши претседателските избори догодина

„Врховниот суд на САД може да ги реши изборите во 2024. Еве како“, објави Си-ен-ен. „Уставната клаузула потив бунт ја загрозува кампањата на Трамп. Еве како се одвива случајот“, пишува Асошиејтед прес (АП). „Демократите продолжуваат да се надеваат дека се спушта завесата за Трамп. Тој сè уште е во центарот на вниманието“, објави Њујорк тајмс. Ова се само дел од...

Сенатот на САД нема да гласа за помош на Украина

Иако претходно најавено, Сенатот на САД (Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД) нема да гласа за дополнителна воена помош за Украина и за дополнување на фондовите за гранична безбедност на САД пред Нова година. И републиканците и демократите во Конгресот уште продолжуваат со преговорите за конечната одлука, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Нашите преговарачи ќе работат многу, многу...

Судот пресуди: Трамп во Колорадо не смее да учествува на претседателските избори

Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо донесе пресуда со која го исклучи поранешниот претседател Доналд Трамп од можноста да учествува на претстојните претседателски избори во оваа држава, пренесува Си-ен-ен. Донесената пресуда е поради однесувањето на Трамп во врска со упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Судиите се повикуваат на забраната за вршење на јавни функции од...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...