Се урна хеликоптер на американската морнарица за време на воена вежба, причините непознати

Сите шест членови на екипажот ја преживеале несреќата, а причините за несреќата ќе се истражуваат

Халикоптер „MH-60R Seahawk“ на американската морнарица / U.S. Navy photo by Photographer's Mate 3rd Class Rebecca J. Moat, Public domain, via Wikimedia Commons

Хеликоптер на американската морнарица вчера се урна во Јужна Калифорнија, во водите на заливот Сан Диего, објавија медиуми во САД по изјавата на воениот портпарол Бет Теч.

Хеликоптерот „MH-60R Seahawk“ (Јастреб) учествувал во воена вежба, пренесува „Фокс Њуз“.

Сите шест членови на екипажот ја преживеале несреќата. Тие биле спасени во водата, извадени на брегот, по што биле испратени на медицински прегледи.

Претставници на морнарицата тврдат дека никој од екипажот не претрпел посериозни повреди.

Леталото „MH-60R Seahawk“ е главниот хеликоптер на морнарицата за борба против подморници, а може да учествува во мисии и операции за извидување, пребарување и спасување. Причината за несреќата дополнително ќе се истражува.