fbpx
Таг: рочиште

таг: рочиште

Давидовиќ: Снимањето во судница е скандал и доказ дека МВР и Чавков ги кршат законите

Ги снимаат демонстрантите, снимаат полициски акции, а сега влегоа и во судот да снимаат рочишта. Ова е скандалозно и е доказ дека МВР и министерот Митко Чавков не ги почитуваат законите и дека судот е на колена, вели за „Мета“ адвокатот Звонко Давидовиќ, запрашан за коментар за денешниот обид на тројца припадници на МВР да го снимаат рочиштетот од...

МВР се обиде неовластено да го снима рочиштето за случајот „Фабрика за афери“

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска неовластено го снимаа рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш и предизвикаа скандал во судницата. Тие престанаа со снимањето, по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им нареди да ги избришат снимките. - Како можете да си го дозволите ова? Нели...

Вкупната штета од демолирањето на канцеларијата на Иванов е 8.500 евра

Околу 8.500 евра е вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април. Оваа сума е утврдена со вештиот наод и мислење што ги изработи Бирото за судски вештачења, а изнесува 522.000 денари или 8.487 евра. Застапникот на Државното правобранителство на денешното рочиште на Филип Наковски и на Никола Аризанов, првите демонстранти обвинети за демолирање...

„Фабрика за афери“: Новинарот на „Фокус“, Арсиќ, не откри кој му ги дал личните карти

Новинарот од „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кој преку новинарски текстови ја обелодени аферата со фалсификуваните лични карти, денеска во судот сведочеше како сведок на Обвинителството во случајот „Фабрика за афери“. Тој посочи дека 105 лични карти му ги предало непознато лице, а на прашањето дали го знае изворот, Арсиќ рече дека поради новинарската етика и професија нема да го открие изворот што му...

Чауш направил инцидент на пауза од денешното рочиште за „Фабрика за афери“

Захир Бекири-Чауш на паузата од денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 направил инцидент. Тој пред судницата, со раце врзани со лисици, почнал да извикува „Алаху акбар“ (Алах е голем), а десетина припадници на ЕБР се обидувале да го задржат. Бекири упатил и неколку пцости и навреди до припадниците на полицијата. На денешното рочиште предвидено е да се сослушуваат сведоци на обвинителството. Бекири се товари...

Денеска продолжува судењето на Захир Бекири-Чауш

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжува судењето на Захир Бекири-Чауш. На рочиштето за случајот „Фабрика на афери“, предвидено е да се сослушуваат сведоци на обвинителството. Бекири се товари за аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи. Скопското обвинителство поднесе обвинение против него и неговиот брат И.Б. Бекири ќе одговара за три кривични дела, односно за изработување и за набавување...

Биро за судски вештачења ќе ја утврдува штетата од демолирањето на канцеларијата на Иванов

Колкав е износот на штетата што ја направиле демонстрантите при демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје на протестите против аболицијата од 13 април, ќе утврдува Биро за судски вештачења. Ова, како што пренесува „Телма“, било одлучено на денешното рочиште од судскиот процес против демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски, чиј почеток третпат е одложен. Претходно судијката што...

Заев: Иванов со незаконската аболиција ни го одзеде правото на правично судење

Опозицијата поднела жалба на постапките кои се резултат на „незаконската и неуставна аболиција“ од претседателот на државата Ѓорге Иванов, а со кои се оневозможува правото на правично судење, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред Основниот суд Скопје 1, каде денеска требаше да се одржи рочиштето за случајот „Пуч“. Заев рече дека ќе продолжи со барањата за правда и за...

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Ќелија“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Ќелија“, кој се води против пет лица обвинети за регрутирање и за учество во паравоени формации на Блискиот Исток, е одложено откако адвокатот на еден од обвинетите побара дополнителен увид во доказите. Покрај тоа, како што пренесува „Академик“, адвокатот Ефто Спировски, кој е бранител на обвинетиот Иса Фуга, рекол дека неговиот клиент изразил...

Кривичен суд: Нема законски пречки Бошкоски порано да излезе од затвор

Не постојат законски пречки за Љубе Бошкоски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна за случајот „Кампања“, рече денеска судијата Илија Трпков, кој го суди предметот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Бошкоски. Како што пренесува „Академик“, одбраната на Бошкоски уште во февруари годинава го испратила барањето до управата на затворот, која го добила...

Гинекологот од Тетово не се чувствува виновен за смртта на родилката Виолета Кировска

Лекарот гинеколог Казимир Копривњак, кого Основното јавно обвинителство Тетово го товари за тешки дела против здравјето на луѓето, на денешното прво судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за смртта на 33-годишната Виолета Кировска. Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година при породувањето на Кировска не ги презел сите превентивни мерки, поради што пациентката починала. Јавниот обвинител Зулќуфли...

Сослушани четворица заштитени сведоци на рочиштето за „Диво Насеље“

На денешното рочиште од продолжението на судскиот процес за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, сведочеа четворица припадници на полицијата кои беа ранети во борбите со терористичката група во Куманово. Рочиштето, како и претходните, две се одржа зад затворени врати, односно јавноста беше исклучена, бидејќи овие сведоци се во својство на оштетени, а и...

Роднините на полицајците убиени во Диво Насеље се појавија во судницата

Роднини на осумтемина полицајци што беа убиени во борбите во кумановско Диво Насеље на 9 и на 10 мај минатата година, денеска се појавија на рочиштето од судскиот процес. За висината на отштетата што ќе ја побараат во граѓанска парница, тие ќе се изјаснат дополнително преку своите законски застапници. Роднините, меѓу кои сопругите и татковците на убиените полицајци, не можеа да ги...

Денеска треба да продолжи судењето за „Диво Насеље“, рочиштето – неизвесно

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, во 10 часот, треба да продолжи судењето за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, но неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи адвокатите на обвинетите бараат поголема судница. Претходното рочиште, на 2 март, беше одложено откако неколкумина адвокати ја напуштија судницата, со образложение дека судот не...

Обвинет во „Ровер“: Истата судијка нам ни одреди притвор, но не и на тие од „Титаник“

Денешното рочиште за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој се товари за помаѓање убиство во 2001 година, е одложено, поради боледување на вториот судија. Поради ова, ниту Бошкоски не беше спроведен во судот од затворот во кој издржува затворска казна од пет години поради нелегално финансирање на изборна кампања, односно за случајот...

Заев денеска пак пред суд, продолжува процесот за случајот „Поткуп“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје во 10 часот треба да се одржи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Заев, како градоначалник на Струмица, се товари дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште. Според адвокатот на одбраната, Филип Медарски, поткупот не е примен,...

Кривичниот суд бара просторија надвор од судот за рочиштето за „Диво Насеље“

Кривичниот суд попладнево преку соопштение ги демантираше тврдењата на дел од адвокатите на обвинетите во случајот „Диво Насеље“, дека судот не обезбедил услови за водење на постапката, поради што дел од нив го напуштија денешното рочиште. Оттаму велат дека поради неможноста да ја користат салата на Врховниот суд, главната расправа за предметот се одржува во големата сала на Основниот суд...

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжува судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација. На рочиштето што се одржа во...

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги...

Новинарите го бојкотираа рочиштето за „Диво Насеље“

На новинарите денеска им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Од судот велат дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа има место само за четири-пет новинари. Претходните две рочишта се одржаа во големата сала...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...