fbpx

Кривичниот суд бара просторија надвор од судот за рочиштето за „Диво Насеље“

-

Кривичниот суд попладнево преку соопштение ги демантираше тврдењата на дел од адвокатите на обвинетите во случајот „Диво Насеље“, дека судот не обезбедил услови за водење на постапката, поради што дел од нив го напуштија денешното рочиште.

Оттаму велат дека поради неможноста да ја користат салата на Врховниот суд, главната расправа за предметот се одржува во големата сала на Основниот суд Скопје 1, во која се обезбедени сите услови за водење на постапката во согласност со Законот за кривична постапка.

„На денешното судење освен обвинетите и нивните бранители, како и лицата задолжени за спроведување и за обезбедување, во судницата беа присутни и претставници на Мисијата на ОБСЕ и на косовската амбасада. Во судницата беа обезбедени дополнителни 10 до 15 места предвидени за роднините на обвинетите кои побараа присуство како јавност“, стои во соопштението на судот.

Во него понатаму се додава дека адвокатите и покрај тоа решиле да го напуштат судењето без да ја образложат својата одлука со правни аргументи.

„Како суд уште еднаш апелираме до сите субјекти што на каков било начин се иволвирани во овој процес, дека освен правата, обврските и желбите што ги имаат обвинетите и нивните роднини, еднакви се и правата, обврските и желбите на оштетените и на семејствата на жртвите од конкретниот настан. Токму затоа, а со оглед дека ваквите барања не се во функција на спроведување на Законот за кривична постапка, не треба дополнително да се разгоруваат страстите на двете страни, со што воопшто не се придонесува за водење на постапката во смирена атмосфера во која судот, обвинителството, одбраната и медиумите како јавност ќе може професионално да ја извршуваат својата работа“, велат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека на барање на неколку претставници на семејствата на обвинетите, претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска се сретнал со нив во присуство на косовскиот амбасадор во земјава и им објаснил дека судот ги има исполнето сите права и обврски кон обвинетите.

Од судот информираат и дека на 18 февруари побарале од министерот за правда да донесе посебна одлука и да ја додели големата сала на Врховниот суд на користење за судењето за „Диво Насеље“.

„Во спротивно, доколку и на овој начин не се обезбеди големата сала на Врховниот суд, бараме да ни определи друга поголема просторија надвор од судската зграда, каде би се одвивал процесот на судење по овој предмет, притоа внимавајќи на достоинството на судот и на странките, особено од аспект на големата медиумска заинтересираност за процесот“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...