fbpx

Заев: Иванов со незаконската аболиција ни го одзеде правото на правично судење

-

Опозицијата поднела жалба на постапките кои се резултат на „незаконската и неуставна аболиција“ од претседателот на државата Ѓорге Иванов, а со кои се оневозможува правото на правично судење, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред Основниот суд Скопје 1, каде денеска требаше да се одржи рочиштето за случајот „Пуч“.

Заев рече дека ќе продолжи со барањата за правда и за правично судење врз основа на членот 6 од Европската конвенција за човекови права.

– Денеска бевме на рочиште кое е закажано пред месец и полoвина, токму на денешниот датум. Рочиштето, за жал, не се одржа, бевме известени од службите од судот дека нема да се одржи. Ние од опозицијата поднесовме жалби на овие постапки, кои се резултат на незаконската и неуставна аболиција од Ѓорге Иванов, која сама по себе претставува преседан, да се аболира сведок, да се аболира странски државјанин и уште многу други глупости во самиот акт – изјави Заев.

Тој додаде дека правото на правично судење ќе го бараат преку Апелацискиот суд, а постапката, доколку е потребно, ќе ја продолжат и пред Судот за човекови права во Стразбур.

– Најверојатно ќе биде само по себе и преседан да има вакви процеси во Стразбур, некој да е аболиран и да бара тоа да се укине за да добие право на правично судење – рече лидерот на СДСМ.

По одлуката на претседателот Иванов да помилува 56 функционери и нивни блиски соработници, судот го прекина судскиот процес за случајот „Пуч“, во кој пет лица, меѓу кои Зоран Заев и Зоран Верушевски, беа обвинети за шпионажа и за насилство врз претставници на највисоките државни органи.

Надлежноста над случајот „Пуч“ ја презеде Специјалното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...