Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска неовластено го снимаа рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш и предизвикаа скандал во судницата. Тие престанаа со снимањето, по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им нареди да ги избришат снимките.
– Како можете да си го дозволите ова? Нели треба да го штитите судот? Кој ви даде дозвола за вакво нешто? – реагирала судијката, пренесува „Академик.мк“.
Едно од лицата од МВР одговорило дека наредбата му ја дал надлежниот старешина, по што судијката побарала снимките веднаш да бидат избришени. Судијката потоа и се уверила дека тоа е сторено проверувајќи ја камерата.
Тројцата припадници на МВР и натаму останале во судницата.