Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжува судењето на Захир Бекири-Чауш. На рочиштето за случајот „Фабрика на афери“, предвидено е да се сослушуваат сведоци на обвинителството.
Бекири се товари за аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи. Скопското обвинителство поднесе обвинение против него и неговиот брат И.Б.
Бекири ќе одговара за три кривични дела, односно за изработување и за набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и за злоупотреба на лични податоци.