fbpx

Кривичен суд: Нема законски пречки Бошкоски порано да излезе од затвор

-

Не постојат законски пречки за Љубе Бошкоски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна за случајот „Кампања“, рече денеска судијата Илија Трпков, кој го суди предметот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Бошкоски.

Како што пренесува „Академик“, одбраната на Бошкоски уште во февруари годинава го испратила барањето до управата на затворот, која го добила и известувањето од судот дека тој може порано да излезе од затворот.

Во саботата, членовите и поддржувачите на партијата Обединети за Македонија (ОМ) на протест пред Министерството за правда го повикаа директорот на затворот, Живко Пејковски, да го потпише решението за пуштање на Бошкоски од затвор.

Денешното рочиште за случајот „Ровер“ повторно беше одложено поради отсуство на обвинетиот Сашо Јовановски, кој имал здравствени проблеми.

Обвинетите во случајот „Ровер“, меѓу кои е и Бошкоски, се товарат за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев, кое се случи во 2001 година во скопската населба Капиштец.

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелацискиот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

На претходното рочиште, кое се одржа во март оваа година, одбраната на обвинетите побара од судот преку МВР, а во основа на меѓународните конвенции и договорите за меѓународна правна помош, да бидат пронајдени и повикани во суд четворицата првообвинети во „Ровер“, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, кои се недостапни за органите на прогонот уште од почетокот на процесот.

Во случајот „Кампања“, Бошкоски беше осуден на петгодишна затворска казна за незаконско финансирање на изборна кампања во 2011 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...