fbpx

Гинекологот од Тетово не се чувствува виновен за смртта на родилката Виолета Кировска

-

Лекарот гинеколог Казимир Копривњак, кого Основното јавно обвинителство Тетово го товари за тешки дела против здравјето на луѓето, на денешното прво судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за смртта на 33-годишната Виолета Кировска.

Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година при породувањето на Кировска не ги презел сите превентивни мерки, поради што пациентката починала.

Јавниот обвинител Зулќуфли Ракипи рече дека гинекологот почнал царски рез без претходно да обезбеди потребно количество крв. По настанато крвавење, не извршил веднаш медицинска интервенција, со која можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку интервенцијата ја извршил со задоцнување.

На денешното судско рочиште по барање на одбраната, поради обезбедување дополнителни докази, судијата Хајрула Идризи ја одложи главната расправа. На рочиштето беше сослушан медицинскиот персонал од Клиничката болница Тетово.

– Кај пациентката имаше мало крвавење, а по изведувањето на царскиот рез, состојбата ѝ се стабилизира. Но, по извесен период, по полноќ, доктор Копривњак ми рече дека пациентката почнала да крвави и треба да ѝ се изврши отстранување на матката – изјави д-р Јован Костовски, кој асистирал во оперативниот зафат на Кировска.

Началникот на гинеколошкото одделение при Клиничката болница Тетово, д-р Нагип Руфати, изјави дека тој го извршил остранувањето на матката.

Од одбраната на обвинетиот засега, како што изјавија, не сакаат да коментираат за судскиот процес. Застапникот на семејството Кировски изјави дека Основното јавно обвинителство има доволно докази да го осуди Копривњак.

Следното рочиште е закажано за 14 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...