fbpx

Општина Центар ја пријави ВМРО-ДПМНЕ за гласната прослава за распуштањето на Собранието

-

Општина Центар денеска поднела пријава против ВМРО-ДПМНЕ поради нарушување на јавниот ред и мир со гласната прослава на синоќешното распуштање на Собранието, во седиштето на партијата.

Од Општината денеска соопштија дека ноќеска голем број граѓани, жители на Центар, пријавиле дека се вознемирени од бучавата и од гласната музика што доаѓала од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Надлежните од општинскиот сектор за инспекциски работи излегоа веднаш на терен и констатираа дека во периодот од 23 до 23.50 часот е нарушен јавниот ред и мир. Констатирана е бучава над дозволеното ниво, за што постои видео и аудиодокументација. Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ претходно, во Општина Центар, не најави одржување на некаков настан. Секторот за инспекциски работи во Општина Центар поднесе пријава до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за нарушување на јавниот ред и мир“, стои во соопштението од Општина Центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бислимоски: Изненадување е и за мене дека ЕСМ ќе ја продава струјата за 60 евра за мегават час

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски изјави дека за него е „изненадување“ дека Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), почнувајќи од 1 јули, ќе ја продава струјата...