недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: почината | 17 резултати

Девојката што почина од ковид-19 на 24 годишна возраст, немала други болести

11 јули 2020

Пациентката на 24 годишна возраст која денеска почина на Клиниката за инфективни болести, немала никакви претходни хронични заболувања, вели директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ. Ова е прв случај олку млад пациент да ја загуби битката со ковид-19. – Пациентката имала покачена телесна температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато […]

Триесетгодишна девојка пронајдена мртва во тоалет на трговски центар во Скопје

2 февруари 2018

Триесет годишна девојка синоќа била пронајдена мртва во тоалетите на трговски центар во Скопје, информираше денеска Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вечера околу 19.30 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземјето од објектот, било пронајдено починато женско […]

21-годишна девојка од Скудриње починала од труење со јаглерод моноксид

4 ноември 2016

Дваесет и едногодишна девојка од долнореканското село Скудриње починала, најверојанто од труење со јаглерод моноксид, а најзината една година постара сестра е пренесена на лекување во скопските клиники. Трагичниот настан се случи ноќеска, додека двете сестри спиеле во просторија од нивниот семеен дом, која се затоплувала со печка на дрва. Сестрите, кои биле во бесознание, […]

Исчезната жена пронајдена мртва во реката Пчиња

17 јуни 2016

Безживотно тело на жена која пред еден месец била пријавена за исчезната, пронајдено е вчера во водите на реката Пчиња, во атарот на кумановското село Војник, соопшти денеска МВР. Случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16.30 часот го забележал телото во водите на реката. Починатата, која била родена во 1941 година, била жителка […]

Обвинителството ги истражува причините за смртта на родилката од Крива Паланка

16 јуни 2016

Основното јавно обвинителство Куманово почнало предистражна постапка за причините за смртта на 37-годишната родилка од Крива Паланка, која вчера починала откако ѝ се влошила состојбата по породувањето во кумановската општа болница, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, родилката вчера била донесена на одделението за гинекологија и акушерство во кумановската болница, каде по неуспешниот […]

Скопјанка пронајдена мртва со убодна рана од нож во градите

31 мај 2016

Шеесет и деветгодишен скопјанец вчера околу 12.45 часот пријавил дека ја нашол својата сопруга 46-годишната П.Ш. почината, со убодна рана од нож во градниот кош, во нивниот дом, на улицата „Саса“, информираат од МВР. Според МВР, сопругот Д.Ш. во разговор со полициските службеници изјавил дека истиот ден, околу 11.40 часот, кога се вратил од пазар […]

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

30 мај 2016

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната […]

Гинекологот од Тетово не се чувствува виновен за смртта на родилката Виолета Кировска

7 април 2016

Лекарот гинеколог Казимир Копривњак, кого Основното јавно обвинителство Тетово го товари за тешки дела против здравјето на луѓето, на денешното прво судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за смртта на 33-годишната Виолета Кировска. Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година при породувањето на Кировска не ги презел сите превентивни мерки, поради […]

Кучиња скитници до смрт искасале 58-годишна дебранка

17 март 2016

Педесет и осумгодишната Фитнет Ф. од селото Баланци во Општина Центар Жупа, им подлегнала на повредите откако попладнево била нападната и искасана од глутница кучиња скитници на околу 150 метри од куќата во која живеела. По нападот Фитнет Ф. итно била префрлена во Медицинскиот центар во Дебар, каде бил присутен и јавен обвинител. Во болницата […]

Обвинителството ја истражува смртта на девојката од Аеродром, нема траги од силување

10 март 2016

Скопското основно јавно обвинителство почнало прелиминарна истрага за смртта на девојката во населбата Аеродром, која почина по пад од висококатница, соопшти доцна попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, била наредена обдукација на телото на девојката во Институтот за судска медицина и за медицинска деонтологија, која треба да ја утврди конкретната причина за смртта, како […]

Обвинителството нареди обдукција на телото на починатата родилка во Прилеп

19 февруари 2016

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, по извршениот увид, наредил обдукција на телото на родилката која ноќеска, неколку часа по породувањето, почина во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, соопшти денеска Јавното обвинителство. Според обвинителството, 20-годишната жена се породила вчера во попладневните часови, а починала ноќеска околу 1.50 часот. „Во текот на вчерашниот ден, […]

Девојка починала по пад од скутер

26 јули 2015

Рано утринава битолската полиција била известена дека во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српци е забележано починато женско лице. Полиција во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17-годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа. Малолетничката, најверојатно, паднала од скутерот и од добиените повреди починала […]

Почина текстилна работничка во Штип

8 јули 2015

Педесет и осумгодишна текстилна работничка од Штип почина на своето работно место во штипската компанија „Јагја Мезлер“. Иако првично се шпекулираше дека топлото време е причина за смртта на Ленче Владикова, лекарите велат дека смртта настапила поради срцеви проблеми, кои таа ги имала подолго време. Техничкиот директор во турската компанија, Перо Димитров, вели дека работничката […]

Страна 1 од 1