недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Основен суд Тетово | 14 резултати

Затвор од 15 месеци за тетовскиот анестезиолог кој сподели видео на ТикТок

17 мај 2023

Со 15 месеци затворска казна е казнет анестезиологот Ваљтон Дервиши од одделението за гинекологија во тетовската болница, кој во живо сподели видео на ТикТок на кое можеа да се видат пациенти и медицински персонал. Одлуката беше донесена по денешното рочиште во Основниот суд во Тетово. Тој го призна извршеното дело и за истото се извини, […]

Привршува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, следуваат завршни зборови

6 април 2023

Во Основниот суд Тетово денеска заврши доказната постапка за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени. Следното рочиште е закажано за 25 април, кога ќе има завршни зборови на обвинителството и на одбраната, по што се очекува да биде донесена […]

Уште две рочишта до пресуда за пожарот во тетовската модуларна болница

21 март 2023

Уште две рочишта треба да се одржат за да се донесе пресуда во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово. Ова беше истакнато денеска од страна на судот по завршувањето на десеттото рочиште, каде сведочеа четирворица сведоци – двајца експерти од Електротехничкиот факултет во Скопје и две медицински сестри, пишува Порталб.мк. Експертот Влатко […]

Судењето за пожарот во тетовскиот ковид центар продолжи со изнесување на писмените докази

27 декември 2022

Во Основниот суд во Тетово денеска продолжи главната расправа на судењето на обвинетите лица за пожарот што лани го зафати тетовскиот ковид-центар, во кој животот го загубија 14 лица. Јавниот обвинител од Тетово денеска ги презентираше насловите на писмените докази во врска со овој случај. Откако обвинителот заврши со презентирањето на писмените докази, одбраната на […]

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово закажано за 6 септември

22 август 2022

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој се случи пред речиси една година и во кој загинаа 14 лица, е закажано за 6 септември 2022 година во 10 часот кај судијата Јордан Велковски, објави Основен суд Тетово на веб-страната во календарот на судења. Судењето е закажано откако на 16 август предметот за модуларната […]

Порталб: Касами ги оневозможи велосипедските патеки во Тетово, судот вели предметот е во постапка

18 ноември 2021

Вчера во Тетово почна отстранувањето на заштитните столбови на велосипедските патеки. Тетовскиот градоначалник Билал Касами рече дека за велосипедската патека има судски спор, поточно судски процес против поранешната градоначалничка Теута Арифи, бидејќи е реализирана спротивно на законот. Касами рече дека има судска одлука за отстранување на овие патеки, додека од Основниот суд Тетово рекоа дека […]

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

22 јули 2020

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап […]

Лажна дојава за бомба во Основен суд Тетово ги вознемири тетовци

12 април 2017

Лажна дојава за бомба денеска ги вознемири вработените во Основен суд Тетово. Дојавата била пренесена преку писмо со назнака „ОВК“, оставена на подот од една адвокатска канцеларија, лоцирана на само неколку метри од зградата на судот. „На 13 април ќе се бомбардира судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение […]

Гинекологот од Тетово не се чувствува виновен за смртта на родилката Виолета Кировска

7 април 2016

Лекарот гинеколог Казимир Копривњак, кого Основното јавно обвинителство Тетово го товари за тешки дела против здравјето на луѓето, на денешното прво судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за смртта на 33-годишната Виолета Кировска. Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година при породувањето на Кировска не ги презел сите превентивни мерки, поради […]

Обвинение за тетовски гинеколог поради смрт на родилка

25 февруари 2016

Основното јавно обвинителство Тетово поднело обвинение против лекар гинеколог од Клиничкиот центар во Тетово, кој се товари за смртта на родилка, која починала при породување поради ненавремена медицинска интервенција. Тетовското обвинителство, покрај обвинението, до Основниот суд Тетово доставило и предлог на лекарот да му биде изречена и споредна казна, забрана за вршење професија. „Во август […]

Страна 1 од 1