Заврши судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, в понеделник се објавува пресудата

Обвинети за овој случај се поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата во Тетово, Артан Етеми, одговорниот лекар во ковид центарот, Бобан Вучевски и болницата во Тетово како правно лице

-

Во тетовскиот суд денеска се одржаа завршните зборови за пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица. Со ова, судењето заврши, а во понеделник на 5 јуни, во 12 часот ќе биде објавена пресудата за случајот, пишува Порталб.мк.

Од обвинителството изјавија дека според изведените докази и сведочења, обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побараа судот да ги прогласи за виновни. Конкретно, според обвинителството, двајцата директори (Флорин Бесими и Артан Етеми) имале обврска да постават противпожарни апарати, а за лекарот Бобан Вучевски истакнаа дека дозволил во болницата да има присуство на придружници на пациентите.

На рочиштето зборуваа и петмина претставници на оштетените од пожарот во модуларната болница, кои рекоа дека се согласуваат со завршните зборови на обвинителството.

Од друга страна, адвокатите на обвинетите истакнаа дека не ги извршиле делата за кои се теретат нивните клиенти. Тие побараа од судот обвинетите да бидат прогласени за невини.

Завршните зборови траеја околу еден час и половина, a потоа предметниот судија, Јордан Велковски истакна дека главната расправа е завршена и дека пресудата ќе биде јавно објавена в понеделник.

Рочиштето за завршните зборови претходно два пати беше одложено – еднаш беше отсутен Флорин Бесими, а вториот пат адвокатот на Артан Етеми, и двајцата поради здравствени причини.

Неколку рочишта од почетокот на судењето, на 6-ти септември 2022 година, беа одложени поради отсуството на обвинетите или на нивните адвокати.

За овој случај беа одржани вкупно четиринаесет рочишта.

Семејствата на загинатите веќе изјавија дека немаат доверба во правдата, но дека сепак не губат надеж, а не ја исклучуваат ниту веројатноста да бараат меѓународна истрага за случајот.

Обвинети за овој случај се поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата во Тетово, Артан Етеми, одговорниот лекар во ковид центарот, Бобан Вучевски и болницата во Тетово како правно лице.

Двајцата поранешни директори не се гонат поради настанувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово, туку поради тоа што не инсталирале противпожарни апарати. Лекарот Бобан Вучевски е на обвинителна клупа поради тоа што дозволил влегување на блиски на пациентите во болничките соби, иако тоа било забрането.

Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинети за кривични дела против општата безбедност. Бобан Вучевски е обвинет за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а ЈЗУ Клиничка болница Тетово се терети за загрозување на општата безбедност и непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.

За горенаведените дела, според Кривичниот законик, а доколку обвинетите се прогласат за виновни, можат да добијат казни и до 5 години затвор.

Во пожарот што ја пеплоса модуларната болница во Тетово, загинаа 14 пациенти хоспитализирани поради ковид-19, но и членови на нивни семејства. Четиринаесет лица се спасија пред објектот да изгори целосно. Остатоците од изгорениот објект по многу одолговлекувања се отстранија шеснаесет месеци по трагедијата.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...