fbpx

Судот во Тетово „без звук“, се жалат новинарите

Иако има поставени микрофони и звучници, тие не се вклучени поради што новинарите не можат добро да слушнат што се зборува на рочиштата, пишува Порталб

-

Во Основниот суд во Тетово новинарите се жалат дека на судските рочишта не ги слушаат добро говорниците бидејќи нема функционална опрема за озвучување со звучници. Ова претставува проблем за нив за нив бидејќи кога следат рочишта од јавен интерес, честопати не може целосно да се разбере тоа што се зборува на рочиштето. Новинарите бараат ова да се среди, пишува Порталб.мк.

Во една од главните судници каде што новинарите од Тетовскиот регион следат судски рочишта, тоа што го зборуваат обвинителите, судиите, адвокатите, сведоците, но и обвинетите, не секогаш се слуша и се разбира целосно. Иако таму има поставени микрофони и звучници, истите не се функционални. На едно рочиште, новинарите реагираа барајќи да се зборува со повисок тон бидејќи не успеваат да разберат добро што се зборува. Дури и бараа да се стават во функција звучниците. Но, од судот рекоа дека овие се условите.

Новинарот од Тетово на ТВ21, Сенат Зулбеари за Порталб.мк вели дека немањето на озвучување на судски рочишта е проблем за медиумите но и за странките, бидејќи поради неможност да слушнат новинарите може да пренесат погрешна информација.

„Но може да се соочат и со кривични пријави за клевети. Мислам дека судот треба да го реши ова прашање и да го сфати со поголема сериозност“, вели Зулбеари.

Од друга страна, новинарот од информативниот портал Тетовоинфо, Александар Самарџиев истакнува дека Судот во Тетово треба да обезбеди повеќе услови за работата на новинарите, вклучувајќи и озвучување.

„Ова особено се однесува на аудио опремата, односно треба да има микрофони и звучници за да подеднакво се слуша во судницата. Со ова ќе се избегнуваат ситуации во кои новинарите или нема да слушнат добро или воопшто нема да чујат што е кажано во судските процеси. Во судот е потребно да има и позачестена комуникација на релација служба за односи со јавност-новинари, а во судницата и други услови како маси/бироа за новинари или пак одредени места за работа“, рече Самарџиев за Порталб.мк.

Од Основниот Суд во Тетово во врска со овој проблем истакнуваат дека има озвучување, но истото е за снимање на рочиштата.

Во врска со вашето барање и по извршениот увид, Ве известуваме дека Основен суд Тетово има аудио снимање-тонско снимање кое е поврзано со системот АКМИС и каде по избор на адвокатот ce снима рочиштето односно можноста да постои тонски запис, велат од Судот.

Меѓутоа, ова не е одговор на поставеното прашање. Од Судот до сега не одговорија на дополнителните прашања зошто не се стават во функција звучниците и микрофоните за говорниците на рочиштата да се слушаат подобро бидејќи новинарите се жалат дека не се слуша добро кога се зборува на судските рочишта кога има многу присутни.

Инаку, портпаролите на Судот во Тетово беа недостапни или надвор од опсег кога новинарите ги побараа за коментар на нивните телефонски броеви објавени на веб-страницата на судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...