Роднините на полицајците убиени во Диво Насеље се појавија во судницата

-

Роднини на осумтемина полицајци што беа убиени во борбите во кумановско Диво Насеље на 9 и на 10 мај минатата година, денеска се појавија на рочиштето од судскиот процес.

За висината на отштетата што ќе ја побараат во граѓанска парница, тие ќе се изјаснат дополнително преку своите законски застапници.

Роднините, меѓу кои сопругите и татковците на убиените полицајци, не можеа да ги сокријат емоциите.

На една од нив, по завршувањето на рочиштето ѝ се слоши, поради што беше повикана е екипа на итна медицинска помош.

Роднините не учестуваа во денешниот главен претрес. Еден од нив сакаше да постави прашање во судницата, но не му беше дозволено од судијката Верка Петковска, која образложи дека тој не е пријавен како правен застапник на оштетените и во оваа фаза од постапката нема право да се обраќа во судот.

На денешното рочиштето сведочеа двајца сведоци, Арнад Сејдиу и Сабит Сејдиу, кои се син и татко и кои имаат куќа во Диво Насеље.

Синот рече дека се познава со тројца од обвинетите, кои се негови соседи, но дека пред настаните од 9 и од 10 мај поминувал малку време во населбата бидејќи ја подготвувал новата продавница.

„Кога се вратив околу 22.30 ноќта на 8 мај, забележав дека е многу тивко и мирно, што е невообичаено, но си помислив дека тоа е така бидејќи луѓето немаат пари, не стигнала платата, па немаат зошто да излегуваат“, рече Арнад Сејдиу, пренесува „Академик.мк“.

Тој утрото на 9 мај бил разбуден од пукотници и забалежал многу полиција околу неговата куќа. Заедно со четворица негови работници кои биле во куќата, биле земени од полицијата и однесени во полициската станица каде биле задржани 27 часа.

Наговиот татко, Сабед Сејдиу, рече дека викедот на 9 и на 1о мај бил во селото Ранковце, каде имал куќа, а за пуконтниците во Диво Насеље дознал од неговата ќерка, која вознемирена му се јавила на телефон и му кажала што се случува.

 

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...