fbpx
Таг: проверка на факти

таг: проверка на факти

Фотографија од погрешен човек објавена како да е од осомничен за убиството на малата Данка

Во повеќе објави на Фејсбук споделена е погрешна фотографија на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија. „Вистиномер“ се обрати кај Бранислав Јанковиќ и тој потврди дека неговата фотографија е злоупотребена, дека не е осомничен за убиството, туку е објавен по грешка и дека размислува да дали ќе ги тужи медиумите за штетата што му...

Пендаровски беше и во посета, но и го посетија светски лидери

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Ѓорѓија Сајкоски, пред партискиот митинг изјави дека Стево Пендаровски во својата функција како претседател не бил на официјални гостувања, ниту пак примил светски државници со што ги покажува „својот капацитет и безличноста“. Со оглед дека информациите на претседателот се редовно документирани и јавно достапни, лесно може да се утврди дека ова е далеку од...

Објава шири невистини дека Германија не го признава македонскиот јазик

Ниту Шолц, ниту Шулц изјавиле што било против македонскиот јазик, ниту Германија го негира македонскиот јазик. Напротив, Германија е силен поддржувач и пријател на С. Македонија, а тоа го докажа и со изгласување на резолуција во германскиот Бундестаг со којашто ги призна македонскиот јазик, идентитет и култура, пишува Вистиномер.  Текстот го објавуваме во целост:   На  објава на социјалната мрежа Фејсбук неточно се тврди дека Германија...

Сахарската прашина е природен феномен, а не намерно труење од воздух

Сахарската прашина е природен феномен се јавува кога над Сахара се наоѓа циклон, односно вртложно движење, кое го крева песокот во повисоките слоеви на атмосферата. Ова е честа појава во пролетните месеци. Најголемата концентрација на пустински песок кај нас е во април и мај, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека сахарската прашина која пред неколку дена...

Религиозните дизајни на натпреварот за украсување јајца во Белата куќа се забранети со децении

Натпреварот за украсување јајца во Белата куќа се однесува на креации од децата на членовите на Националната гарда, според Американ ег борд, партнер кој Конгресот го основаше во 1976 година. На Бордот му е забрането да дискриминира во сите програми и активности врз основа на религија, политичко уверување и сите други категории. Бордот е поддржувач на овој настан со...

Денот за видливост на трансродовите лица се совпадна со Велигден, одбележувањето нема врска со Бајден

Бајден не ја прогласил велигденската недела за ден на трансродовите луѓе, како што тврди оваа објава на Фејсбук, туку 31 март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица годинава коинцидентно се падна на ист ден кога се одбележува Велигден. Секоја година Велигден се одбележува во недела, но на различен датум, додека Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица...

Контраспин: Репреговарањето секако носи неизвесност и несигурност во однос на ЕУ

Политичката проценка дека прифаќањето на рамката е голема грешка, води до обид за репреговарање на рамката со ЕУ, како и преиспитување на Договорот со Бугарија, односно обид за репреговарање и на овој Договор. Сето тоа, пак, води до неизвесност и несигурност од аспект на европските интеграции на земјата. А билатералните услови во форма на добрососедство, ќе останат во која...

Објава лажно нуди работа за 100 пакувачи на медицинска опрема

Оваа објава не нуди никакви работни позиции за пакувачи на медицинска опрема во Македонија, туку е креирана како кликбејт, односно јадица или мамка, за да се зголеми интернет сообраќајот на одредени страници, од што креаторот на објавата најверојатно ќе добие финансиски надоместок, пишува Вистиномер.    Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Итно ни требаат 100 пакувачи на медицинска опрема!...

Од Левица преку Родина до ГРОМ и МААК: кои се мегафоните на Москва во земјава?

Северна Македонија во последниве години, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и врз политичките одлуки во државава, покажуваат релевантни анализи. На малигното руско влијание не се имуни водечките медиуми и...

Контраспин: Позитивните исчекори најмногу зависат од домашната политичка волја – тогаш и ЕУ ќе помогне

Извртувањето на вистината е во делот за тоа што е најважниот елемент во позитивните исчекори за земјата. А тој е јасен и недвосмислено потврден во сите анализи и домашни и меѓународни – ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА. Се разбира, овој спин не значи дека за С. Македонија е подобро да излезе од кандидатурата за членство и/или дека е подобро ако стапи во...

Измама: Со фотошопирани фотографии се нуди производ против брчки

Ова е типична онлајн измама која неетички го користи незадоволството на луѓето од физичкиот изглед, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари за да купат наводен производ кој драстично ќе им го промени лицето. Притоа се користи непостоечка професорка со лажен идентитет, која е создадена да прикаже лажна реалност за да ги измами луѓето и да...

Измислени личности промовирааат чудесни капсули за слабеење

Во текстот има препораки од лица кои лажно се претставени како да се корисници на овој препарат со кој постигнале успех, тие се прикажани со фотографии и со македонски имиња и презимиња. Лицата прикажани на овие фотографии и на кои им се дадени македонски имиња и презимиња не се од Македонија, ниту пак, ослабеле со помош на овој препарат,...

Предизборно расфрлање со незаработени пари

Постојат повеќе аспекти преку кои може да се анализира понудата на двете најголеми политички партии во македонскиот блок СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори. За тоа, секако, треба да бидат и достапни програмите за пошироката јавност, а засега не се ставени на нивните веб сајтови. Но, од презентациите што досега ги направија по различни собири може да се издвои...

Ланско видео од марш на ЛГБТ заедницата, прикажано како да е снимено по приемот на Шведска во НАТО

Видеото споделено во објавата не е ново, односно истото не е снимено после пристапувањето на Шведска кон НАТО Алијансата, туку пред тоа. Инаку, начинот на кој Шведска се поставува во врска со поддршката на слободата на избор, заштита на сите граѓани, борба против дискриминацијата, не е поврзана со членството во НАТО кое се случи за земјата да си обезбеди дополнителна стабилност,...

Москва 2024 ја демаскираше Москва од 2022 година – специјалната операција стана војна

Сите случувања во март околу и за Украина, како и во самата Русија, недвосмислено укажуваат на еден факт – Москва повеќе не се обидува да ги сокрие своите намери и крајната цел во врска со агресијата врз Украина што ја започна во февруари 2022 година. „Чудесно“ трансформирајќи ја својата „специјална воена операција“ во војна, Москва ја признава својата намера...

Не е вистина е дека мостот на Балтимор е срушен со динамит

Експерти за градежно инженерство и безбедност на мостови за странски проверувачи на факти велат дека на снимката нема експлозии и динамит, туку се гледаат светла кои трепкаат на мостот и во негова близина, како и искри од енергетските кабли кои се прекинале за време на уривањето на мостот. Нема докази што укажуваат на тоа дека некој експлозив бил поставен на мостот...

Фондација Метаморфозис: Издигнувањето на фактите е заедничка задача на јавноста од сите сегменти на општеството

Издигнувањето на важноста на фактите не е должност само на професионалците, туку претставува заедничка задача која вклучува учество на јавноста од сите сегменти на општеството. Со засилувањето на проверката на факти и промовирањето на кредибилни извори во новинарското известување, ние можеме да поттикнеме здрав информативен екосистем во кој фактите би доминирале. Ваква порака упати Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис...

Дезинформациите не се проблем само на медиумите, туку и безбедносен проблем

Освен домашни, балканскиот регион е изложен и на надворешни влијанија кога станува збор за дезинформации, а побивање на истите е клучно за заштита на демократијата. Ова беше заклучокот од првата сесија на денешната конференција „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“ по повод Меѓународниот ден на проверката на факти. Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис...

Без поддршка за проверувачите на факти се откажуваме од одбраната на демократијата

Државните институции и сите засегнати страни имаат должност јавно да се изјаснат кога се загрозени проверувачите на факти и да сторат сѐ за да им обезбедат безбедна работна средина, рече ЕУ амбасадорот Дејвид Гир при отворањето на денешната регионална конференција „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“, со која Антидезинформациска мрежа на Балканот...

Дезинформациите ги поткопуваат темелите на демократијата – проверката на факти е клучна

Неопходно е да станеме посвесни за дезинформациите во нашите физички и дигитални светови. Дезинформациите ја рушат довербата во институциите и затоа е потребна перманентна борба против различните актери кои ги шират, а овде најважна улога имаат токму проверувачите на факти. Ова беа заклучоците од отворањето на денешната конференција насловена како „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...