fbpx

Објава лажно нуди работа за 100 пакувачи на медицинска опрема

Објавата не нуди никакви работни позиции за пакувачи на медицинска опрема во Македонија, туку е креирана како кликбејт, односно јадица или мамка, за да се зголеми интернет сообраќајот на одредени страници

-

Оваа објава не нуди никакви работни позиции за пакувачи на медицинска опрема во Македонија, туку е креирана како кликбејт, односно јадица или мамка, за да се зголеми интернет сообраќајот на одредени страници, од што креаторот на објавата најверојатно ќе добие финансиски надоместок, пишува Вистиномер. 

 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Итно ни требаат 100 пакувачи на медицинска опрема! Лесна работа, големи придобивки!

Потоа се споделува фотографија поврзана со линк, како „тизер“ за наводниот оглас за работа. На неа пишува дека има „можности за работа во пакување медицински материјали во Македонија“ за различни возрасни групи и се покануваат корисниците на социјалните мрежи да кликнат на линкот и да ја погледнат наводната понудена плата за секоја возрасна категорија.

Но, кога ќе се пристапи до линкот, нема никакви работни позиции, ниту оглас, ниту пак, се наведуваат наводните ветени плати според возраста. Дополнително, навистина е чудно и неспецифично, односно дискриминаторски, платата за пакување медицинска опрема, да биде различна за луѓето зависно од тоа колку години имаат, со оглед на тоа што се работи за иста работа за сите. Пакувач на медицинска опрема претставува почетна работна позиција, а не позиција во која е потребно напредување со текот на години скалесто во хиерархијата на некоја работна организација.

Кога ќе се пристапи на линкот кој е дел од објавата има линкови на англиски јазик каде пишува „фармацевтски компании за пакување“, „фармацевтско пакување“, „фармацевтско производство“, „компании за фармацевтско пакување“, „торби за пакување“ и „пакување“.

Линкот за „фармацевтско пакување“, всушност го носи корисникот на веб-страница на германска компанија која тргува, односно произведува амбалажа, пакувања за фармацевтски производи (шишенца со пумпа за различни фармацевтски спрејови). Иста е состојбата и со линкот под наслов „компании за фармацевтско пакување“. Исто така, овие линкови водат и до друга германска компанија, но заедничко за сите нив е дека на ниеден не се нуди работа за пакување медицинска опрема во Македонија, како што тоа невистинито се тврди во описот и на фотографијата со платите.

Наспроти тоа, граѓаните се наведени да кликнат на линкот, мислејќи дека таму ќе видат оглас за работа, како и понудени плати согласно возраста за работна позиција пакувач на медицинска опрема, но наспроти тоа, тие, всушност, го зголемуваат интернет сообраќајот на одредени страници, односно создаваат поголем интернет сообраќај, поголема посетеност, која секако е вештачки креирана затоа што корисниците немаат намера да разгледуваат странски компании за производство на медицинска амбалажа, туку да најдат работа и да се информираат за условите за наводна работна позиција.

Следствено оваа објава, не нуди никакви работни позиции, туку е креирана како кликбејт, односно јадица или мамка, за да се зголеми интернет сообраќајот на одредени страници од што креаторот на објавата најверојатно ќе добие финансиски надоместок.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...