Таг: проверка на факти
таг: проверка на факти
Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД
Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина или дезинформација, не била преземена некаква мерка за модерирање или отсуствувала каква било ознака. Фејсбук се покажа најефикасна платформа – 74 отсто од објавите што содржеа лажни факти/дезинформации имаа некакво видливо обележување,...
Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен
Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори во пожарите кои го зафатија овој град.
Гори министерството за култура на САД, стои во описот на фотографијата.
Но, фотографијата е лажна, односно креирана со помош на вештачка интелигенција, пишуваат сервисите...
Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција
Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека видеото не е вистинско туку е креирано со вештачка интелигенција и не прикажува вистински и реални снимки од пожарите во Лос Анџелес, пренесуваме текст во целост од Вистиномер.
Рецензираме објава на...
Во „македонското сценарио“ за рушење на Вучиќ улоги добија и Хрватите, Бошњаците и Албанците
Изливот на граѓанското незадоволство против власта во Србија по трагичната несреќа со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 – при што загинаа 15 лица, а две тешко повредени лица сè уште се во животозагрозувачка состојба – не стивнува. Најупорни и најкреативни се студентите со секојдневните протести и блокади на институциите и сообраќајниците...
За Бајден, одлуката на Цукерберг да се ослободи од проверувачите на факти е срамна
Претседателот Џо Бајден ја коментираше одлуката на Мета да се ослободи од проверувачите на факти и ја нарече срамна. Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг во вторникот ги најави промените во политиката на компанијата.
„Проверувачите на факти беа премногу политички пристрасни и уништија повеќе доверба отколку што создадоа“, рече Цукерберг.
Бајден ги коментораше промените во процесот на проверка на фактите на...
Кинеската онлајн-продавница под лупа на ЕК: Дали „Тему“ продава безбедни производи?
Моменталната ситуација покажува дека со сигурност има производи кои се продавале на оваа платформа, а кои се повлечени поради небезбедност. Меѓу нив има кадифени мечиња, бебешки играчки, накит како обетки и ланчиња, лепак за дрво и метал кои од различни причини не кореспондираат со стандардите за безбедност и квалитет, пренесува во целост Вистиномер.
Пишува: Мирослава Симоновска
Нискобуџетната кинеска онлајн продавница „Тему“...
Проверката на факти е ефикасна во борбата против дезинформациите и таа не е цензура
Европската мрежа за стандарди за проверка на факти (ЕФЦСН) е разочарана од одлуката на „Мета“ да ја прекине својата програма за проверка на факти почнувајќи од САД и притоа силно ги осудува изјавите на извршниот директор кои ја поврзуваат проверката на фактите со цензурата, наведено е во нивната реакција по најавите на Марк Закерберг дека ја прекинува употребата на...
Пропагандата на Сергеј Лавров во интервјуто за Такер Карлсон
Карлсон е озлогласен со ширењето на пропагандата на Кремљ и е првиот американски и општо западен новинар, кого Путин не го одби за интервју по сеопфатната инвазија врз Украина, која драстично ги заостри односите меѓу Русија и Западот. Карлсон го интервјуираше и шефот на руското МНР, Лавров, кој за разлика од Путин не ги одбиваше западните медиуми, но заедничко...
Никаде ги нема новите четири градинки што Муцунски им ги вети на аеродромци
Во програмата за последните градоначалнички избори (октомври 2021), Тимчо Муцунски вети дека во Општина Аеродром ќе изгради четири нови градинки. Од планираните градинки што требаше да никнат во населбите Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, започнати се градежните активности само за онаа во Мичурин – детската градинка „Изворче“. Но оваа градинка е далеку од готова. За другите нема ни...
Уставниот суд на Романија, а не „НАТО нацисти“ ги поништи изборите за претседател
Уставниот суд на Романија реши да ги поништи првиот круг од претседателските избори на кои победи кандидат од крајната десница Калин Георгеску. Тој е наклонет кон Русија, а Гардијан пишува дека пријавил „нула трошења за изборната кампања“. Во такви услови со нула трошења, се појавија докази дека имало надворешни руски мешања, масовна сајбер кампања на Тик Ток оркестрирана од...
Васко Ковачевски не е уапсен
Официјална потврда за наводното апсење на Ковачевски нема од ниту една институција. Очигледно е дека станува збор за лажна вест која ја пренесоа голем дел од медиумите, без притоа истата да ја проверат. Подоцна некои од нив ги сменија првичните верзии на вестите и објавија дека Ковачевски е во бегство. Дека Ковачевски е во бегство потврда засега има само...
ТикТок и руската кампања за мешање во романските избори
Никој не можеше да ги предвиди резултатите од првиот круг на претседателски избори во Романија, каде независниот кандидат Калин Георгеску освои 23 отсто од гласовите. Но, токму заради овие резултати никој не беше изненаден кога се обелоденија информации дека зад неговиот метеорски раст стојат руски дезинформациски мрежи на ТикТок. Ова доведе до тоа највисокиот романскиот суд да ги поништи...
Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина
Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија Чин Ганг. Видео материјалот е од средба којашто Баербок ја имала со Ганг на 14 април 2023 година, како што може да се види од фотографиите од настанот...
Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто
Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата изјава на Мицкоски значи извесна недоследност кон предизборното ветување транспонирано и во Програмата на Владата за даночно олеснување и данок од 5 отсто за привлекување на мултинационални компании...
Бајден не одлучил да ја нападне Русија
Објава на Фејсбук известува дека претседателот на САД, Бајден, им дозволил на Украинците да ја гаѓаат Русија со американски ракети, а поддршка за таа негова одлука изразила германската министерка за надворешни работи Бербок. Меѓутоа, во објавата е споделен и линк до напис на таа тема, чиј наслов остава лажен впечаток дека Бајден одлучил да ја нападне Русија, т.е. дека...
НАТО не ја нападна Русија, ниту измислува дека таму пристигнале севернокорејски војници
НАТО не ја нападна Русија, НАТО не е во војна со Русија, а информациите дека севернокорејски војници пристигнале во Русија за да ѝ пружат поддршка на фронтот во Украина, се информации добиени од украински и јужнокорејски разузнавачки служби. Тие не се измислени, а како доказ на социјалните мрежи се споделуваат и видеа од војниците од Северна Кореја кои пристигнале...
Самитот на БРИКС – збир на профeсионални вести, пропаганда и дезинформации
Во фокусот на известување од надворешно политичките теми поврзани со светската геополитика и безбедноста во изминатите недели доминираа две теми – самитот на БРИКС и присуството на војници од Северна Кореја во Русија. БРИКС сепак ги рушеше рекордите во медиумската сфера. Притоа, домашните медиуми генерално известуваа користејќи западни извори, но бидејќи голем фокус беше ставен и на темите БРИКС-Западен...
Кина не го прогласила милијардерот Џорџ Сорос како „глобален терорист“
Американско-унгарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос повторно се најде во центарот на неколку дезинформации објавени во регионот. Во нив се тврди дека Кина го има прогласено бизнисменот за „глобален терорист“ и „син на сатаната“. Дезинформацијата потекнува од колумна во таблоиден магазин, објавена уште во 2021 г. и го рефлектира мислењето на авторот, а не официјалниот став на Кина. Во...
Помилувањата на Сиљановска: Од предизборни ветувања за правдина, до контроверзии во постапката
Наспроти предизборното ветување дека ќе се води од правото, но и од правдата како негов коректив, претседателката Сиљановска, иако има неприкосновено право на конечна одлука кого ќе помилува и за колкав период, го свали гневот на јавноста на Комисијата за помилување, пишува Вистиномер.
Текстот го пренесуваме во целост:
Претседателката на С. Македонија Гордана Сиљановска Давкова во кампањата за седмите по ред претседателски избори (24 април,...
ЈСП не нуди едногодишен превоз за 1,99 евра
За измамата да биде поуверлива, се објавуваат и висококвалитетни фотографии од градските автобуси, фалсификувано е логото на електронската картичка „Скопска“ и се добива лажен впечаток дека само за 1,99 евра ќе добиете градски превоз во текот на целата година. Измамата е споделена непосредно пред да почне новата учебна година кога има голема фреквенција во градскиот превоз, пишува Вистиномер.
Текстот го...