fbpx
Таг: проверка на факти

таг: проверка на факти

Вистиномер: Лага е дека премиерот е дилер на дрога, а вицепремиерот шверцер на човечки органи

Дезинформација, т.е. лага базирана на други реални вести поврзани со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби, е проширена на социјалната мрежа Фејсбук, каде што и двајцата се врзуваат со тешки кривични дела, пишува „Вистиномер“.  Пост објава на Фејсбук на македонски јазик шири невистина т.е. лага за двајца високи функционери во извршната власт во земјава, преставувајќи ги како криминалци што прават...

Порталб.мк: Никој не планира да вметне микрочипови во нашите тела

Со почетокот на глобалната пандемија на ковид-19, започна жестока кампања на дезинформации. Во светот, бројот на жртви како резултат на КОВИД-19 надмина еден милион, додека во нашето општество сè уште се дискутира за постоењето на овој вирус. Станувајќи плен на лажни вести, многу луѓе дури стравуваат дека за време на вакцинацијата против ковид-19 ќе им се вметнат микрочипови во...

Вистиномер: Не, солариумот не може да помогне во борбата против коронавирусот!

Објава на Фејсбук тврди дека УВ светлината го уништува коронавирусот, без притоа да се наведе дека оваа светлина е „УВ Ц светлината“, која воопшто ја нема во солариумите. На овој начин граѓаните се наведуваат на погрешна информација дека одењето во солариум може да помогне во борбата против коронавирусот, пишува „Вистиномер“.   Не е точно дека солариумот произведува УВ зраци на кои...

Проверувачи на факти објаснуваат како да се препознае и спречи ширење дезинформации за ковид-19

Во светот постојат многу веб-страници кои се занимаваат со објавување факти и раскринкување лажни вести, дезинформации и полуинформации (misinformation)). Еден од таквите е Verified („Потврдено“), иницијатива на Обединетите нации во соработка со Purpose („Цел“) која има за задача да обезбеди содржини кои ќе помогнат за заштита и спасување на човечки животи, совети засновани на факти и позитивни приказни од...

Вистиномер: Не запираат теориите на заговор дека нè прскаат со отрови од воздух!

Манипулативен пост сее паника дека од небото се фрлаат некакви биолошки или хемиски отровни агенси, а главниот доказ за тоа се трагите кои зад себе ги оставаат авионите! Позната теорија на заговор, која во најобичната физичка појава на кондензација гледа заговор против човештвото, преку тајна програма за распрскување отрови, пишува „Вистиномер“.  Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири дезинформации дека народот се...

Изградбата на патот „Егнација“ во Албанија втурната во ќорсокак

Патниот правец Ќукс-Ќафа Плоча со должина од 43,4 километри, познат како патот „Егнација“, по повеќе од една деценија одолговлекување може да се смета како втурнат во ќорсокак. Проектот започна да се гради со почетна сума од 134,6 милиони долари, цена што сега е двојно поголема, додека крајот на изградбата е одложен за уште 22 месеци. „За целосна реализација на проектот...

Фејсбук ќе го третира негирањето на Холокаустот како забранет говор на омраза

Фејсбук ги менува своите интерни правила со вклучување на негирањето на Холокаустот во дефиницијата на говор на омраза, откако неколку години трпеше критики дека не презема доволно силни мерки за спречување на тој облик на дезинформации. Моника Бикерт, потпретсетаделка на Фејсбук за јавни политики за содржини на 12 октомври објавила блог пост со најава дека платформата ги надградува правилата за...

Бесмислени трудови објавени во македонско научно списание, издавачот повлече пет од нив

Меѓународната научна јавност и странските медиуми специјализирани за следење на теми од областа на науката веќе неколку недели се зачудени од содржината на неколку објавени трудови во македонското научно списание „Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences“. Списанието „Popular Mechanics“ објавува дека тринаесет автори на „научен труд“ откриле дека постои црна дупка во срцето на Земјината топка која влијае...

Вистиномер: Има разлика помеѓу 40 проценти и 40 илјади деца – постот е невистина

Наместо 40 илјади деца, постот де факто тврди дека 100 илјади деца нема да можат да следат онлајн настава, што не е точно, пишува Вистиномер. Пост објава на Фејсбук за онлајн наставата и вкупниот број деца што не можат да ја следат, зашто немале компјутери, е целосна невистина зашто станува збор за невистинити бројки, многу поголеми од реалноста. Во објавата се...

Вистиномер: Агатангел продолжува да биде политички, наместо божји слуга

Иако и Агатангел, како и секој граѓанин на државата, има уставно загарантирано право на слобода на уверување, мисла и говор, Агатангел, така да се рече, има „редуцирано“ право кога станува збор за политички собири замаскирани со граѓански активизам, преполн со спинови од страна на Владиката. Пред сѐ, поради уставно загарантираната секуларност на државата, пишува „Вистиномер.мк“ во новиот Контраспин. Митрополитот Повардарски...

Со воскреснат наслов од „Информер“, стар три години, се сее омраза на Фејсбук

Фотографија на стара насловна страница на српски „Информер“ - од пред три години, е пласирана на  социјалната мрежа „Фејсбук“ како да се работи за актуелна информација. Во постот  објавен на 23 август воопшто не се гледа дека, всушност, станува збор за текст најавен на насловната страница на овој таблоид  истиот ден – 23 август, ама 2017 година, пишува „Вистиномер.мк“...

Фејсбук во партнерство со Метаморфозис и Вистиномер започна програма за проверка на факти во Северна Македонија

Денеска Фејсбук објави дека заедно со Фондацијата Метаморфозис и Вистиномер ќе започне со работа на програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија. Покрај во земјава, Фејсбук започнува со работа на оваа програма и во други земји од регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, додека веќе постоечката програма во Хрватска ќе биде проширена. Како дел од борбата против дезинформациите на...

Вистиномер: „Голманот“ Бујар Османи покажа дека концептот на ДУИ е застарен трик за гласови

Внимателна анализа на изјавите што може да се оценат како спинови во исказите на Бујар Османи, кој ја претставуваше програмата на ДУИ на Канал 5 во интервју, покажува дека ДУИ се залага наместо за унитарна граѓанска, за неефикасна унитарна бинационална држава, со примеси и на федерализам и со можност ДУИ да биде постојано во владата и во другите институции....

Отворен меѓународниот самит за проверка на факти – „Глобал Факт 7“ (видео)

Со воведни обраќања на Бајбарс Орсек, директор на Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network), Бил Адер од Дјук Рипортерс Лаб, Нил Бран, претседател на реномираниот „Појнтер Институт“ и Мелиса Флеминг, помошник Генерален секретар на ОН за глобални комуникации, денеска беше отворен седмиот по ред меѓународен самит за проверка на факти. Поради пандемијата на ковид-19, овој седумдневен настан...

Меѓународниот самит за проверка на факти годинава ќе се одржи онлајн, а ќе учествуваат и претставници на „Вистиномер.мк“

Претставници на организациите за проверка на факти од целиот свет, здружени во Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network - IFCN) денеска ќе го го отпочнат својот годишен самит, кој првично беше планиран како физички настан, но поради пандемијата на ковид-19 се префрли во онлајн-просторот . Настанот почнува од денеска и ќе трае до 30 јуни, а сите...

Марија Вучиќ: Србија е преплавена со дезинформации за корона вирусот, лукот, бруфенот, вотката…

Откако беа регистрирани првите случаи на корона вирусот во регионот, оваа тема стана доминантна во медиумскиот простор, но и на социјалните мрежи. Во морето информации, се појавија и некои непроверени, денес познати како лажни вести (fake news). Заради разоткривање на лажните вести, српскиот сервис за борба против дезинформациите „Raskrikavanje“ отвори посебна страница на која ги разоткрива лажните вести за...

Не, во Кина не е изградена болница за само два дена

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Хакерски напад на веб-страницата на српски „Истиномер“, редакцијата поднесе кривична пријава

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Истиномер“ поднесе кривична пријава против непознати лица поради ДДОС нападот што бил извршен вчера на веб-страницата. Пријавата е поднесена во Одделението за високотехнолошки криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија. Нападот почнал нешто по 16 часот а сајтот бил соборен поради оптоварувањето со 30,5 милиони барања за отворање...

Хакерски напад го помати 10-от роденден на српски „Истиномер“, но поттикна поголема посветеност на борбата против дезинформациите

Еден од најстарите сервиси за проверка на фактите и ветувањата на политичарите и функционерите, како и борец против лажните вести, српскиот „Истиномер“, пред два дена одбележа 10 години постоење. „Истиномер“ ги повикува политичарите и другите јавни личности на одговорност за јавно искажаниот збор и ветувања. Граѓаните ги повикува на добро паметење, внимателно проверување и поврзување на прочитаното, на здрав разум,...

Спасов: Да се инвестира во развој на организациите кои вршат проверка на факти, како Фондацијата „Метаморфозис“

Потребно е да се инвестира во развој на организациите како Фондацијата „Метаморфозис“ кои во своите медиумски проекти ќе вршат проверка на факти и ќе ги соочуваат новинарските организации и новинарите со потребата од почитување на новинарските кодекси и новинарската етика и ќе ја подигаат медиумската култура на граѓаните за препознавање на кампањите за дезинформација, вели професорот Ѓорѓи Спасов во...

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...