fbpx

Со воскреснат наслов од „Информер“, стар три години, се сее омраза на Фејсбук

-

Фотографија на стара насловна страница на српски „Информер“ – од пред три години, е пласирана на  социјалната мрежа „Фејсбук“ како да се работи за актуелна информација. Во постот  објавен на 23 август воопшто не се гледа дека, всушност, станува збор за текст најавен на насловната страница на овој таблоид  истиот ден – 23 август, ама 2017 година, пишува „Вистиномер.мк“ во својата проверка на вистиност на пост на Фејсбук, како дел од ексклузивната соработка на овој сервис за проверка на факти со најголемата социјална мрежа на светот.

Фактички, тука свесно се прави манипулација – се вади бајат текст со прилично провокативен наслов, се крие датумот на оригиналот и се пласира потпалувачка објава. И, секако, невистинита. Како што е многу добро познато, во овие 3 години, откако е објавена оваа насловна страница на „Информер“, Заев никој не го убил и нема никаква војна против Србија.

Јасно е дека ова се прави намерно за да предизвикаат жестоки реакции кај корисниците на социјалната мрежа, да се сее страв и да се шири говор на омраза. Тоа се гледа и од коментарите на прикажаната фотографија , од кои буквално извира нетрпеливост и омраза кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев.  

Особено загижувачки е што во коментарите има повици за убиство:

Ke se spasime ako te ubijat

Uše odma treba, neznam šo čekat

Daj Boze neka go ubijat pobrgu!

AMIN BE AJDE SHTO SE CHEKA BE???

Jas sum odma date ubijat

Jas neznam sto cekaa do sega

NEKA TE UBIJAT DA DADE GOSPOD

Дај боже ДАЈ!!! нека не спасат од изродив!

Фото: Принтскин од фотографијата и дел од коментарите на Фејсбук

А, исто така, меѓу коментарите има и такви кои шират нетрпеливост кон Албанците:

So vakov narod siptarite eden den ce gi kolat site Makedonski hristini

Освен што предизвика „отровни“  коментари со  повици на насилство, оваа манипулативна објава има и многу споделувања – во моментот кога е пишуван текстот е споделена 109 пати.

Што се однеува, пак, до самиот текст: „САМО ВО ИНФОРМЕР! Зошто Скопје удира на Белград! ЗАЕВ: ШИПТАРИТЕ ЌЕ МЕ УБИЈАТ АКО НЕ ЗАВОЈУВАМ СО СРБИЈА!“ (SAMO U INFORMERU! Zašto Skoplje udara na Beograd! ZAEV: ŠIPTARI ĆE ME UBITI AKO NE ZARATIM SA SRBIJOM!), главниот уредик  на неделникот НИН, Милан Чулибрк уште тогаш го посочи како пример за медиумска кампања против Македонија.

Впрочем, не е првпат „Информер“ да излегува со вакви тенденциозни и потпалувачки наслови кои  поттикнуваат омраза. Напротив, тоа е вообичаена практика со написите пласирани на овој медиум (види: тука, тука, тука ,тука)

Во конкретниот случај е извлечен еден наслов од  „богатиот репертоар“ и злоупотребен за да шири омраза на Фејсбук и тоа не само кај нас туку и во соседството, пишува „Вистиномер.мк“

(Овој напис на „Вистиномер“ е подготвен во рамките на соработката со Фејсбук, која отпочна на крајот на минатиот месец, во рамките на програмата на социјалната мрежа за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија.  Како дел од борбата против дезинформациите на Фејсбук, компанијата остварува соработка со независни проверувачи на факти од трети страни ширум светот, кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на содржините.

Кога проверувачот на факти ја рангира веста како лажна, Фејсбук ја прикажува подолу во „Новости (News Feed)“, со што значително се намалува нејзиното понатамошно ширење. Ова спречува да се шири измамата и се намалува бројот на луѓе што ја гледаат веста. Страниците и домените што постојано споделуваат лажни вести, исто така, ќе имаат намален досег и ќе се отстрани нивната можност за заработка и рекламирање. Дополнително, кога објавата е одбележана како лажна, Фејсбук ги предупредува луѓето што ја гледаат или се обидуваат да ја споделат објавата дека е одбележана како таква.)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...