fbpx
Таг: проверка на факти

таг: проверка на факти

Контраспин: САД се стратешки партнер и на дело, а за сите дубиози вината лежи дома

Дали македонската држава и македонските граѓани виделе некогаш нешто лошо од САД? Дали САД ни наметнува менталитет на Студена војна или реално, цел свет е во Студена војна? Конечно, дали за евентуалните штетни последици од договорот со „Бехтел и Енка“ виновни ќе бидат САД или претставниците во извршната и законодавната власт во С. Македонија?, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Претседателскиот кандидат...

Едни исти кругови се лепат како магнет за анти-ЕУ и антиваксерски наративи

Структури кои во текот на ковид пандемијата жестоко споделуваа дезинформации за вакцините, маските, мерките за заштита од ковид и сето тоа го ставаа во еден кош на „глобална контрола на населението од страна на сатанистичкиот Запад и неговата агенда за депопулација“, не престанаа да шират невистини ниту по завршувањето на пандемијата. Тие само продолжија надградени со нов наратив за...

Објава шири невистини дека ковид пациенти кои починале во болниците биле убиени

Во објавата што ја рецензираме невистинито се тврди дека вработените во болниците ги убивале луѓето кои биле хоспитализирани со користење на погрешни протоколи. Се пласираат невистини и за лекот „ремдесивир“ дека трајно им ги оштетил бубрезите на оние кои го примиле, иако постојат докази дека самата болест ковид-19 предизвикува компликации со бубрезите, а не лекот. Исто така, во објавата...

Нема докази дека САД, Велика Британија и Украина стојат зад терористичкиот напад во Москва

Исламска држава презеде одговорност за нападот. Истрагата за терористичкиот напад уште трае, а обвинувањата кои Москва ги упати дека Западот и Украина стојат зад терористичкиот напад ја ставаат Русија пред голем проблем, а тоа е што не може да ги докаже непоткрепените тврдења. На 7 март, Соединетите Американски Држави издадоа предупредување за потенцијален терористички напад во Русија, повикувајќи ги...

Кашлањето нема да ви помогне да преживеете срцев удар

Во објавата се опишува наводна техника за која се тврди дека лицето што има срцев удар може да си помогне и да преживее со повеќекратно силно кашлање. Но, медицински професионалци од различни делови на светот и сервиси за проверка на фактите пишуваат дека оваа метода не е делотворна и нема да помогне при случаи на срцев удар, кога најдобриот...

Фото-бакнежот на Зеленски и Макрон е монтажа

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Зеленски стана постојана цел на хомофобични дезинформации во склоп на реториката на Кремљ, која го врамува конфликтот како борба против Западот и западните вредности. Таква е и оваа објава која прикажува монтирана фотографија од наводен бакнеж помеѓу Зеленски и Макрон. Вистината е дека станува збор за монтажа од две посебни фотографии...

Без докази се обвинува Израел дека стои зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во концертната сала во Москва ја презеде Исламска држава. Русија, пак, се обидува одговорноста да ја префрли на Украина, иако нема никакви докази за тоа. Украина демантира каква било поврзаност со терористичкиот напад. Досега се уапсени 11 лица, од кои четворица државјани на Таџикистан се обвинети дека директно учествувале во нападот. Во ниту една изјава досега,...

Големата кашлица не е виртуелна, исто како што не е виртуелен и ковид-19

Наспроти тврдењето во објавата, пертусисот постои и не е измилен. Според последните информации (22.03.2024) говорат дека бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Извештајот на Институтот за јавно здравје, покажува дека најмногу заразени има во Скопје, дури 88 отсто од заболените. Не е точно ниту дека ковидот бил виртуелен. Во нашата земја, од почетокот на ковид пандемијата заклучно...

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на личноста на фотографијата. Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив, за што нема кредибилен доказ, не е логично зошто човекот кој водеше пуч против лидерството...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од пижамите не може јасно да се види, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук во која е...

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се прикажани луѓе како танцуваат, кои биле дигитално изменети за да го вклучат лицето на францускиот претседател. Видеото на кое се гледа како украинскиот претседател Зеленски танцува во егзотичен црвен фустан,...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на пензионерите, туку на влијателни, квалитетни луѓе надвор од партиските табори – аналитичари, експерти, колумнисти… Токму нив ги повика Силјановска да не гледаат сеир отстрана, туку да се вклучат во политичката...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во Украина е особено забрането да се земаат органи од починати лица кои припаѓаат на категоријата сираци, деца без родители, лица со инвалидитет. Не е дозволено да се земаат органи од...

Антиваксерска објава дезинформира дека „бескрајна е бројката на трајно оштетените деца“ од вакцините

Против укинување на задолжителна вакцинација се произнесе и Уставниот суд кој во 2014 година расправаше по иницијатива во која се бараше укинување на задолжителната вакцинација. Судот оцени дека со редовната вакцинација не се штити само лицето кое се вакцинира, туку се создава и колективен имунитет помеѓу населението, што ја спречува циркулацијата на инфективните агенси. Исто така, тврдењето во објавата дека „многу...

Измислен доктор рекламира нерегистриран лек за чистење на крвни садови

Ликот на докторот кој се споменува во текстот споделен во објавата е целосно измислен. Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми за да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари, без притоа вистински да ја добијат помошта која им е неопходна. За да биде измамата уште поверодостојна под...

Со старо видео се манипулира дека повторно има хаос пред шалтерите за лични документи во Скопје

Во манипулативна објава се пласира старо видео снимено пред два месеца од турканиците во зградата на МРТ, притоа се тврди дека ова се случува сега откако Владата наводно укинала одлука на министерот за внатрешни работи. Всушност, станува збор за поништување на одлука за прераспределба на еден вработен на работно место во Ново Село – во Одделот за издавање лични...

Забраната за невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со Клаус Шваб

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со основачот на Светскиот економски форум, ниту, пак, тој има агенда за депопулација. Ваквите тврдења се дел од поголема антиваксерска кампања чијашто цел е да се убедат родителите да не си ги вакцинираат децата. Вакцините се проверени и безбедни, а децата треба да се вакцинираат за да се...

Лапсус злоупотребен за теорија на заговор и наводен „таен состанок на илуминатите“

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен. Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз основа на продолжението на реченицата во која таа веднаш вели „храната што ја јадеме“, како...

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се безбедни и дека тие спасуваат илјадници животи. Државата никого не труе, туку презема мерки согласно...

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...