fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

Затишје пред бура во политичкиот живот во Македонија?

Бомби, протести, апсења, полициска акција во Куманово, оставки, митинзи, поставување кампови, лидерски средби, преговори во Брисел... Изминавите неколку недели беа полни со политички случувања. Сè се случуваше со огромна брзина и наеднаш запре и замре. Опозицискиот СДСМ ги стави на пауза „бомбите“. Граѓанското движење „Протестирам“ веќе неколку дена не одржува протести, туку состаноци на Школка во Градки парк. Преговорите во Брисел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ...

Граѓаните од „Протестирам“ денеска ќе кампуваат пред Влада

Околу 50 граѓани и денеска се собраа пред Владата да побараат оставка од премиерот Никола Груевски. Тие денеска нема да имаат маршрута на движење, туку ќе останат заедно со граѓаните што кампуваат пред Влада за да го искажат својот револт. Од „Протестирам“ велат дека за денеска го промениле начинот на протестирање затоа што не сакаат да се сретнат со граѓаните што ќе бидат...

Шилегов: Остануваме пред Владата

И кога ќе се расчисти метежот, остануваме тука - изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, за „Мета“. Тој додаде дека наскоро ќе се постават бини и сцени. Заврши официјалниот дел од протестот кој се одржа пред Владата, а го организираа граѓанските организации и опозициските партии. Неофицијална бројка на граѓани што присуствуваа на протестот е околу 20.000. На протестот говореа политичари, активисти и уметници. Сите тие порачаа дека...

Димитров: Денеска имаме состанок со историјата

На присутните на протестот им се обрати и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тој им порача на граѓаните дека е време да се направи избор: или оваа власт или Македонија. Димитров рече дека денеска е денот да се стават темелите на идната Македонија. - Разбудени граѓани, празник сте за очи. Денеска имаме состанок со историјата, да ги ставиме темелите...

Дерала, Јаневски и Најчевска: Народот денеска дојде по своето

Дојдов да им порачам на тие што читаат вицеви од говорница, што пејат од говорница, тоа да го прават в затвор, рече во продолжението на масовниот граѓански протест пред Владата активистот Џабир Дерала. - Никој не се плаши од ’рѓосаната сабја. Народот денеска дојде по своето. Дојде време на слобода, правда и на еднаквост. Влезови и згради што не постојат, човечиња за...

„Студентски пленум“ и „Протестирам“ маршираат кон Владата

„Студентски пленум“ и грѓаните и активистите од здружението „Протестирам“, кои се собраа на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и пред Основниот суд Скопје 1, тргнаа кон Владата, централното место на кое ќе се одржи митингот на „Граѓаните за Македонија“. Демонстрантите од „Студентски пленум“ и од „Протестирам“ маршираат по двата коловози на булеварот Гоце Делчев.

Бина, вода, озвучување – сè е спремно за големиот граѓански митинг

Во близина на Владата, на крстосницатата на булеварите Илинден и Климент Охридски, веќе е поставена бината за денешниот граѓански митинг. На неколку места поставено е и озвучување, а на десетина локации наредени се купови вода во шишиња. Околу Владата од двете страни има големо полициско обезбедување. Полицајците се седнати на тревникот околу објектот на Владата и на клупите од спротивната улица. Пред бината...

Демонстрантите и вечерва побараа оставка од Владата

Активистите од граѓанското движење „Протестирам“ и  вечерва побараа оставки од Владата и ослободување на сите активисти кои се притворени поради учество на протестите што се одржаа на 5 мај. Демонстрантите вечерва останаа пред Влада и ја немаа вообичаената маршута Влада - Основен суд 1 - Собрание. И денеска протестите, наместо пред Владата, се одржаа кај крстосницата на булеварот Климент Охридски. Демонстрантите утре ќе протестираат...

Движењето „Протестирам“ ќе се приклучи на утрешниот протест пред Влада

Граѓанското движење „Протестирам“ повикува на протестен собир на 17 мај, во 13 часот, пред Основниот суд 1, во Скопје и на заеднички марш до Владата на Република Македонија, што симболично ќе почне во пет до два. „На вечерниот собир пред Собранието, по протестите, граѓаните кои протестираат секој ден во 18 часот се согласија да излезат на протестот на 17 мај. Протестот ќе...

Демонстрантите порачаа: Нема да запреме додека не си замине владата на Груевски

Со свирежи и со извици „Нема правда, нема мир“, „Готов е“, „Долу диктатура“, „Николче диктаторче“, „Заедно сме посилни“, неколку стотини граѓани и денеска излегоа на мирен протест, на кој повторно побараа колективна оставка од премиерот Никола Груевски и од неговата влада. Протестите, кои се одвиваат веќе втора недела, почнаа на раскрсницата пред зградата на Владата. Откако полицијата ги спречи да...

Граѓани маршираа и ја повикаа Владата да си поднесе колективна оставка

Повеќе стотици граѓани и активисти на граѓанското здружение „Протестирам“ и денеска во 18 часот излегоа на мирни протести, на кои повторно побараа колективна оставка на Владата на чело со премиерот Никола Груевски. Денешниот протест, кој почна во редовниот термин, во 18 часот, од раскрсницата кај зградата на Владата, продолжи со марш на демонстрантите до Основниот суд Скопје 1, од каде...

„Протестирам“: Бараме оставка од цела Влада, протестите продолжуваат

„Бараме целосна оставка на Владата, не само на поединци, затоа што козметички решенија не се доволни. Бараме не само политичка, туку и правна одговорност за сета корупција, прекршувања и криминал. Исто така, бараме да се ослободат 11 лица кои се во притвор и едно лице кое е во домашен притвор поради протестите“. Ова се барањата на граѓанското здружение „Протестирам“, кои...

„Протестирам“ пред Собрание во 13 часот

Прес-конференција во 13 часот ќе одржи самоорганизираното граѓанско движење „Протестирам“. Преку соопштение, здружението извести дека сметаат оти оставките се победа на граѓаните. Тие бараат: Итна оставка и преземање на политичка и на правна одговорност на целата Влада на чело со Никола Груевски за неуставното, корумпирано и неетичко владеење; Итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму; Формирање влада за демократизација на институциите...

Пред Владата и денеска се бараа оставки

Голем број граѓани и денеска се собраа пред Владата за да го изразат својот револт. Со исвиркување и со транспаренти, тие побараа оставка на Владата, ослободување на притворените активисти и формирање преодна или техничка влада. - Ако до вчера бевме движење „Стоп за полициска бруталност“, сега сме движење за барање оставка од Владата која дозволи да загинат осум луѓе и...

Вечерашните собири не се пријавени, МВР ветува безбедност

Со вообичаено полициско обезбедување, денеска ќе се чува јавниот ред и мир во главниот град, каде две спротиставени групи треба да одржат собири. Од СВР Скопје велат дека ниту еден собир не е пријавен, но полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за нивно безбедно одржување. Едниот протестен собир ќе почне во 18 часот пред Владата. Активистите ќе бараат оставки и одговорност...

Мирни собири во 23 града за благодарност и за поддршка на безбедносните сили

Мирни собири за поддршка на македонската полиција се најавени денеска во 19 часот, во 23 градови низ Македонија, со кои граѓаните сакаат да се заблагодарат за патриотизмот и за професионалноста на полицијата во одбраната на државата. Од друга страна, Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести секој ден, во 18 часот, пред Владата и бара мир, правда, демократизација на институциите и оставка...

Мирен собир пред Владата, се делеа цвеќиња и се палеа свеќи во чест на загинатите полицајци

Граѓани и активисти вечерва, на вториот ден на жалост, одржаа мирен собир пред Владата, со кој оддадоа почит на загинатите полицајци во вооружениот судир во Куманово. Тие пред Владата се собраа со цвеќиња и со запалени свеќи. Дел од активистите со креди ги напишаа имињата на загинатите полицајци, а потоа ги оставија цвеќињата и свеќите запалени во нивна чест. Дел од...

Протестите почнаа, полицијата и денеска го блокираше приодот до Владата

Неколку стотини граѓани и денеска, четврти пат, се собраа пред Владата на Република Македонија да го искажат својот револт од полициската бруталност и од криењето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата повторно го попречи патот до Владата и ја блокираше крстосницата помеѓу булеварите Климент Охридски и Илинден.. Протестите засега се мирни, со скандирања „Убијци“, „Доста беше молк“...

„Црн бисер“ на Божидар Димитров: Ќе има пукотници и крвопролевање на протестите

Македонскиот премиер Никола Груевски воспостави вистинска диктатура со демократска фасада, оцени бугарскиот историчар и директор на бугарскиот Национален музеј за историја, Божидар Димитров, јавува денеска бугарската новинска агенција „Фокус“. Димитров во интервју за Бугарската национална телевизија вели дека дури и бугарската несовршена демократија претставува пример за демократија во споредба на тоа што се случува во Скопје. - Во Македонија нема закон...

Демонстрантите од Обвинителството се префрлија пред Собранието

Над илјада демонстранти се собраа пред Собранието на Република Македонија, откако не успеаја да дојдат до Јавното обвинителство. Демонстрациите се одвиваат мирно, само со скандирање и засега не се регистрирани провокатори во групата. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Демонстрантите протестираат мирно и скандираат „Доле влада“, „Слобода“ и слично. Протестот започна пред Владата на Владата на Република Македонија, но поради полициските блокади...

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...