Прес-конференција во 13 часот ќе одржи самоорганизираното граѓанско движење „Протестирам“.
Преку соопштение, здружението извести дека сметаат оти оставките се победа на граѓаните.
Тие бараат:
- Итна оставка и преземање на политичка и на правна одговорност на целата Влада на чело со Никола Груевски за неуставното, корумпирано и неетичко владеење;
- Итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму;
- Формирање влада за демократизација на институциите и овозможување фер и демократски избори.
„Граѓаните, пак, ги повикуваме уште помасовно и поодлучно да се приклучат на протестите секој ден во 18 часот пред Владата на Република Македонија! Ова е само почеток! Заедно, сплотени во духот на солидарноста, правдата и на мирот, стоиме на браникот на слободата и сме посилни од кога било! Продолжуваме понатаму! Придружи се!“, пишува во соопштението на „Протестирам“.