fbpx

Мирен собир пред Владата, се делеа цвеќиња и се палеа свеќи во чест на загинатите полицајци

-

Граѓани и активисти вечерва, на вториот ден на жалост, одржаа мирен собир пред Владата, со кој оддадоа почит на загинатите полицајци во вооружениот судир во Куманово.

Тие пред Владата се собраа со цвеќиња и со запалени свеќи. Дел од активистите со креди ги напишаа имињата на загинатите полицајци, а потоа ги оставија цвеќињата и свеќите запалени во нивна чест.

Дел од присутните на облеката имаа залепени налепници со хаштагот „протестирам“.

Граѓаните и активистите донесоа кутија за донации, во која се собираа пари за погодените жители на Диво Насеље.

На собирот, во чест на загинатите, немаше овации, транспаренти и свиркање.

Забележително беше тажното расположение помеѓу присутните и наведнатите глави на полицајците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...